Дурмиши: Се прави симулација, есенската потрошувачка кошничка во петок на Влада
Објавено во: Економија 12 Септември, 2024
Министерот за економија Бесар Дурмиши најавува намалување на цените на „есенак потрошувачка кошничка“ со околу 100 прехранбени производи која треба да биде изготвена до петок.
Според Министерството за економија, работната група во која има членови од министерствата за економија, земјоделство и финансии, ќе направи симулација за ограничување на цените или на маржите.
Дурмиши за МИА информира дека ќе се направат пресметки со намалување на маржите на 5, 10 или 15 проценти на трговија на мало или замрзнување на цените на одредено ниво. Симулацијата, рече, треба да даде информација кое ќе биде најповолното решение за крајните цени за потрошувачите и какви ќе бидат фискалните импликации од оваа мерка.
Предлогот и симулацијата на есенската потрошувачка кошничка ќе биде доставена до Владата на следната седница и ќе се донесе одлука за намалување на цените на овие основни прехранбени производи.
- Нашата цел е да им излеземе во пресрет на граѓаните се со цел да има подобрување на животниот стандард. Исто така сакам да кажам дека оваа есенска потрошувачка кошница во наредниот период ќе продолжи да се применува во вид на божиќна потрошувачка кошница, рамазанска потрошувачка кошница, велигденска потрошувачка кошница со измена на листата на производи кои ќе бидат опфатени во зависност од периодот во кој ќе се применува, изјави Дурмиши.
Според министерот, Законот за нефер трговски практики останува во сила. Рабатот и дополнителните трошоци од листата на 2 548 тарифни броеви на земјоделски и прехранбени производи во трговија на мало и трговија на големо ќе бидат ограничени на 10 проценти, почнувајќи од 28 септември.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.