29 Септември, 2024
0.0264

ДВ: Честите избори се „мака“ за бизнисот

Објавено во: Економија 07 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Во услови на сѐ уште кревок економски амбиент и битка со хроничната ликвидност, стопанствениците стравуваат дека претседателските, но пред сѐ предвремени парламентарни избори, кои стануваат сѐ поизвесни, сериозно ќе ја забават економската активност, објавува Дојче веле. „Искуствата од изминатите десет години покажуваат дека изборните процеси ја забавуваат економијата. Претседателските се во редовен термин и се очекувани, но доколку се одржат и предвремени парламентарни избори тогаш е речиси сигурно дека целокупната активност ќе се намали. Делумно заради законските регулативи и лимитираниот процес на инвестиции во тој период. Се надевам дека целокупниот процес нема да трае предолго, но активностите ќе забават сигурно три месеци со оглед на предизборието и постизборниот период кога ќе треба да се конституира нов парламентарен состав, именување министри во Владата, промени во структурите на администрацијата“, коментира за Дојче веле Антони Пешев претседател на собранието на Стопанска комора на Македонија. Според економистите, освен кај домашните стопанственици, честите изборни процеси предизвикуваат чувство на неизвесност и кај странските инвеститори кои работат во земјата или се пред одлука да инвестираат во неа. Се јавуваат дилеми дали она што сега се договара ќе биде исто што ќе го понуди и некоја друга влада доколку се случат промени, коментира за Дојче веле аналитичар кој одблиску ги следи економско политичките случувања во земјата. Иако нема конкретни бројки за загубите и штетите што ги трпи бизнисот во периодот на избори, сепак анкетите од претходните предизборни циклуси покажуваа дека над половина од анкетираните стопанственици се изјасниле дека изборите влијаат негативно врз нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија