Два града имаат само по 1 активен случај на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Септември, 2020
Два града во Македонија имаат само по 1 активен случај на коронавирусот.
Станува збор за Кратово и Крушево.
За разлика од нив, Демир Хисар има 2, а Пехчево 3 активни.
Најмногу активни има во главниот град, 727.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, Пробиштип-3, Берово-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-5, Кичево-2, Неготино-1.
Во болнички услови се починати 2 пациенти од Прилеп (80г) и Велес (54г).
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.