ДВА ГРЧКИ ГРАДА ВО КАРАНТИН: Aко мораат да излезат треба да им пратат СМС на властите
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 02 Ноември, 2020
Во Солун од утре ќе биде можно излегување од дома само со СМС порака.
Граѓаните ќе мора да ги известат властите за секое излегување.
Грчките градови Солун и Серес ќе бидат целосно затворени во период од 14 дена.
На сила ќе биде и полициски час од 21 до 5 часот, а во овој период ќе смее да се излезе само од здравствени причини или неопходна потреба од работа.
Запрени ќе бидат сите домашни и меѓународни летови.
Во Грција вчера е регистриран нов негативен рекорд на новозаразени од коронавирусот, а бројката за првпат е над 2.000 нови случаи, или 2.056 за едно деноноќие.
Во целиот регион се враќаат рестрикции.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.