18 Октомври, 2024
0.0273

ДВА МЕСЕЦИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ОГЛАСОТ ЗА ДИРЕКТОР НА ЗОО, ОГЛАСОТ УШТЕ Е ОТВОРЕН, А МОЕТО ПЛИКО УШТЕ НЕ Е ОТВОРЕНО! Галетановски најавува тужби

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Поради големиот интерес во јавноста, чувствувам должност да ги известам граѓаните и медиумите дека два месеца по завршувањето на огласот за директор на ЗОО Скопје, огласот сè уште е отворен, а одамна се поминати сите законски рокови за жалби. Во присуство на адвокат, денеска бев во ЗОО Скопје да ги подигнам моите документи и истите одбија да ми ги вратат со банални објаснувања документите не се разгледани (пликото не е отворено) ниту пак се пратени до градоначалничката на Град Скопје, поради што ќе следува тужба од моја страна, информираше на Фејсбук, поранешниот директор на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.
Без разлика на сите отежнителни околности со кои се соочувам во моментов, јас не се откажувам од она за што се залагам. Сакам да ги известам посетителите и моите колеги од Зоолошката градина дека мојот следен чекор е формирање фондација под името „За европска зоолошка“, чија примарна цел ќе биде обезбедување финансиска поддршка за Зоолошката градина во Скопје и нејзините вработени.

Фондацијата ќе биде посветена на развојот и одржувањето на Зоолошката градина според европски стандарди, овозможувајќи соодветни услови за живот на животните, унапредување на инфраструктурата, како и обезбедување средства за професионален развој и соодветни услови за работа на вработените - какви што впрочем заслужуваат, а во моментов ги немаат.

Со формирањето на фондацијата ќе се стремам за зголемување на свесноста за важноста на заштитата на животинскиот свет и едукацијата на јавноста за овие прашања, во соработка со релевантни европски институции и организации. Воедно, ќе бидат активирани многу домашни и странски фирми и донатори кои ќе помагаат со финансии за потребите на ЗОО Скопје. Од редот на вработените во ЗОО Скопје ќе назначам и ополномоштам вработен кој ќе има увид во финансиите, со право да управува со истите.

Сакам да им се заблагодарам за поддршката и да ги охрабрам моите колеги од институцијата кои работат посветено и професионално, а кои се соочуваат со притисоци - да се борат за нивните права и заслуги исто како што се боревме заедно! Никој не смее изживува со нив и да врши мобинг. Ги повикувам, доколку имаат потреба од правен совет, мојот адвокат секогаш ќе биде на располагање за било какво прекршување на Законот за работни односи, со цел да бидат заштитени.

Департизацијата на Зоолошката градина Скопје останува моја прва и единствена цел и останувам да се борам за тоа!

Со почит,

Ѓорѓи Галетановски

За европска ЗОО СК“, се вели во објавата.


Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА: Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век

БОЖИНОВСКА: Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век

СОЛЗИ НИ НАИДОА НА СИТЕ НА ОЧИТЕ, БЕШЕ КАКО ЖИВА: Началникот Дејан Димовски со детали во судницата

СОЛЗИ НИ НАИДОА НА СИТЕ НА ОЧИТЕ, БЕШЕ КАКО ЖИВА: Началникот Дејан Димовски со детали во судницата

„ИМА МНОГУ РАБОТИ ЗА КОИ ЈО ТРЕБА ДА ДАДЕ ОДГОВОР“: премиерот дециден „потребни се реформи и во обвинителството и во судството“

„ИМА МНОГУ РАБОТИ ЗА КОИ ЈО ТРЕБА ДА ДАДЕ ОДГОВОР“: премиерот дециден „потребни се реформи и во обвинителството и во судството“

Во касата на Министерството за односи со заедниците недостигале повеќе од 30.000 евра

Во касата на Министерството за односи со заедниците недостигале повеќе од 30.000 евра

„Се расчу дека ќе се напаѓаат стратешки објекти, едвај чекав да одам дома да си го гушнам детето“: Дел од новиот поткаст „Кажи шифра“, премиерно во недела

„Се расчу дека ќе се напаѓаат стратешки објекти, едвај чекав да одам дома да си го гушнам детето“: Дел од новиот поткаст „Кажи шифра“, премиерно во недела

„НА ПОЧЕТОКОТ НА ИСТРАГАТА НЕМАШЕ ЛОГИКА ДЕКА ДЕВОЈЧЕТО Е КИДНАПИРАНО“: началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје

„НА ПОЧЕТОКОТ НА ИСТРАГАТА НЕМАШЕ ЛОГИКА ДЕКА ДЕВОЈЧЕТО Е КИДНАПИРАНО“: началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје

НОВИ СЕ САМО ТРИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ОВИЕ 6-7 ГОДИНИ КОИ НАШАТА ОПШТИНА ЈА ПРЕТВОРИЈА ВО ДЕПОНИЈА: Д-р Беќаровски вели некогаш Аеродром била најчиста општина

НОВИ СЕ САМО ТРИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ОВИЕ 6-7 ГОДИНИ КОИ НАШАТА ОПШТИНА ЈА ПРЕТВОРИЈА ВО ДЕПОНИЈА: Д-р Беќаровски вели некогаш Аеродром била најчиста општина

„ДАЈ БОЖЕ ДА УСПЕАМ ВО БИТКАТА СО КАНЦЕРОВ И ДА ПРОДОЛЖИМЕ СО СТЕФАН ДА РЕДИМЕ УСПЕСИ“ - се огласи Зоки Фаци Василевски

„ДАЈ БОЖЕ ДА УСПЕАМ ВО БИТКАТА СО КАНЦЕРОВ И ДА ПРОДОЛЖИМЕ СО СТЕФАН ДА РЕДИМЕ УСПЕСИ“ - се огласи Зоки Фаци Василевски

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што да очекувате

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што да очекувате