18 Октомври, 2024
0.0421

„ИМА МНОГУ РАБОТИ ЗА КОИ ЈО ТРЕБА ДА ДАДЕ ОДГОВОР“: премиерот дециден „потребни се реформи и во обвинителството и во судството“

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Шокантно е тоа што успеав да го прочитам и ако е навистина така, мислам дека државниот јавен обвинител треба да излезе пред јавноста и да ја објасни вистината, кажа премиерот Христијан Мицкоски во врска со обвинувањата на обвинителите од вишото Јавно обвинителство дека државниот обвинител Љупчо Коцевски им вршел притисок во еден судски предмет.

Според премиерот, има многу работи за кои ЈО треба да даде одговор.

- Морам да кажам дека е шокантно тоа што успеав да го прочитам. И ако е тоа навистина така, мислам дека и државниот јавен обвинител треба да излезе и да објасни во јавноста што е вистината и мислам дека ако е ова точно и ако се потврди како точно, бидејќи се сеќавате ние уште писмото на Катица Јанева од затвор не сме го виделе. 

Се сеќавате тоа писмо кое што од затвор го пишуваше Катица Јанева овозможи овие процеси коишто беа дел од поранешното СЈО кое што знаете се распадна поради една чанта од марката Луј Витон полна со странски валути продолжија да функционираат онака како што функционираат и ние како политичка партија сме се уште жртва на системот. 

Имаме блокиран имот, често пати блокирана сметка,...иако е јасна пресудата од вториот степен, односно од апелација што треба да се направи. Така што, има многу работи за што треба да се даде објаснување. 

Исто така, треба да се даде објаснување и од оние материјали коишто беа констатирани за снимање на разговори на обвинители, судии, па тогашниот министер за внатрешни работи нешто друго зборуваше итн. Има многу работи за кои ЈО треба да даде одговор - напомена Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања.

Премиерот е дециден дека се потребни реформи и во Обвинителствто и во судството, зашто довербата на граѓаните, како што истакна, е под два отсто.

- Многу пати досега во јавните настапи сум кажал дека се потребни реформи и во обвинителството и во судството од проста причина што довербата кај граѓаните е многу мала, е под 2 процента.  И логично е ако имате таква мала доверба да најдете начин да направите некаква реформа. 

Долго време чекав да пристигнат предлози, за жал не пристигна ниту еден предлог, така што во овој момент ни преостанува само тоа да си ја напишеме самите домашната задача и да може таа доверба барем да биде со двоцифрен број проценти за да може граѓаните да чувствуваат сигурност кога ќе имате некаков судски процес дека ќе ја добиете правдата - рече Мицкоски.

На прашањето за новиот директор на АНБ, Бојан Христовски, Мицкоски уште еднаш кажа дека апсолутно верува во неговите професионални капацитети. 

- Му посакувам многу среќа и успешна работа на Христовски во делот на обезбедување на безбедноста на Македонија како држава и на вас граѓаните за да можете слободно да се движите и да можете да функционирате. Тој преку фер судска постапка во минатото покажа и докажа дека е жртва на политички мобинг и прогон од претходната разбојничка влада на СДСМ и ДУИ и дека го заслужува местото каде што е назначен - подвлече Мицкоски.

Премиерот останува на ставот за спојување на АНБ со Агенцијата за разузнавање „зашто тоа е реформа што на најголемиот дел од сојузниците во НАТО ја имаат направено“. Тој потврдидека за ова е во комуникација со претседателката Сиљановска-Давкова, бидејќи Агенцијата е во нејзина надлежност.

- Ние сме го разговарале ова и апсолутно ова е резултат на потреба како реформа, не зашто некој има сега лична фрустрација па ќе спојува агенции. Така е направено во најголемиот дел од нашите сојузници во НАТО Алијансата, рече Мицкоски.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

БОЖИНОВСКА: Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век

БОЖИНОВСКА: Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век

СОЛЗИ НИ НАИДОА НА СИТЕ НА ОЧИТЕ, БЕШЕ КАКО ЖИВА: Началникот Дејан Димовски со детали во судницата

СОЛЗИ НИ НАИДОА НА СИТЕ НА ОЧИТЕ, БЕШЕ КАКО ЖИВА: Началникот Дејан Димовски со детали во судницата

ДВА МЕСЕЦИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ОГЛАСОТ ЗА ДИРЕКТОР НА ЗОО, ОГЛАСОТ УШТЕ Е ОТВОРЕН, А МОЕТО ПЛИКО УШТЕ НЕ Е ОТВОРЕНО! Галетановски најавува тужби

ДВА МЕСЕЦИ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ОГЛАСОТ ЗА ДИРЕКТОР НА ЗОО, ОГЛАСОТ УШТЕ Е ОТВОРЕН, А МОЕТО ПЛИКО УШТЕ НЕ Е ОТВОРЕНО! Галетановски најавува тужби

Во касата на Министерството за односи со заедниците недостигале повеќе од 30.000 евра

Во касата на Министерството за односи со заедниците недостигале повеќе од 30.000 евра

„Се расчу дека ќе се напаѓаат стратешки објекти, едвај чекав да одам дома да си го гушнам детето“: Дел од новиот поткаст „Кажи шифра“, премиерно во недела

„Се расчу дека ќе се напаѓаат стратешки објекти, едвај чекав да одам дома да си го гушнам детето“: Дел од новиот поткаст „Кажи шифра“, премиерно во недела

„НА ПОЧЕТОКОТ НА ИСТРАГАТА НЕМАШЕ ЛОГИКА ДЕКА ДЕВОЈЧЕТО Е КИДНАПИРАНО“: началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје

„НА ПОЧЕТОКОТ НА ИСТРАГАТА НЕМАШЕ ЛОГИКА ДЕКА ДЕВОЈЧЕТО Е КИДНАПИРАНО“: началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје

НОВИ СЕ САМО ТРИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ОВИЕ 6-7 ГОДИНИ КОИ НАШАТА ОПШТИНА ЈА ПРЕТВОРИЈА ВО ДЕПОНИЈА: Д-р Беќаровски вели некогаш Аеродром била најчиста општина

НОВИ СЕ САМО ТРИТЕ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО ОВИЕ 6-7 ГОДИНИ КОИ НАШАТА ОПШТИНА ЈА ПРЕТВОРИЈА ВО ДЕПОНИЈА: Д-р Беќаровски вели некогаш Аеродром била најчиста општина

„ДАЈ БОЖЕ ДА УСПЕАМ ВО БИТКАТА СО КАНЦЕРОВ И ДА ПРОДОЛЖИМЕ СО СТЕФАН ДА РЕДИМЕ УСПЕСИ“ - се огласи Зоки Фаци Василевски

„ДАЈ БОЖЕ ДА УСПЕАМ ВО БИТКАТА СО КАНЦЕРОВ И ДА ПРОДОЛЖИМЕ СО СТЕФАН ДА РЕДИМЕ УСПЕСИ“ - се огласи Зоки Фаци Василевски

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што да очекувате

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што да очекувате