19 Декември, 2025
0.1396

ДВА ПОДЗЕМНИ КАТА „ИЛЕГАЛНО“ СЕ ГРАДЕЛЕ КАЈ БЕКО - обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2022 15:50

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Скопје денеска извести дека поднело Обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице, кои се товарат дека сториле кривично дело – Бесправно градење од член 244 – а од Кривичниот законик.

„Обвинетиот, како одговорно лице – управител во правното лице, почнувајќи од 2018 година, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежен орган, во име и за сметка на правното лице како инвеститор градел деловен објект на сопствено земјиште на улицата „Даме Груев“, општина Центар“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Натаму, од Обвинителството додаваат дека за предметните две катастарски парцели, обвинетиот во 2016-та година добил Одобрение за градење, кое се однесува на доградба и надградба на тогаш постоечкиот објект Стоковна куќа Беко Скопје со ширина од 28,5 м и должина од 42,5 м. 

„Со стручно мислење за неисполнување на карактеристиките за носивост на доградбата и надградбата, во 2018 година тој обезбедил Одобрение од Општина Центар за отстранување на постоечкиот деловен објект. Откако го урнал објектот, без да добие ново одобрение за градење, на лице место започнал и градел нов објект со димензии од 61 м х 34,5 м. Од градбата со нови димензии, која била проектирана како Деловен објект со намена Б-5 хотелски комплекси од 2-ра категорија на градби, без соодветно одобрение биле изградени две подземни нивоа“, се вели во соопштението од обвинителството.

Инаку, медиумите во земјава уште во ноември лани пишуваа дека расте дивоградбата на Стојмернови кај Беко, а го обвинуваа Обвинителството дека се уште молчи. 

Имено, тие се повикаа дека Јавното обвинителство информирало дека по кривична пријава оформило предмет кој се наоѓа во фаза на предистражна постапка во врска со градењето кај поранешно „Беко“, односно ТЦ Плаза. Всушност, од Државната комисија за спречување на корупцијата тогаш изјавија дека таков одговор добиле од Обвинителството, но најавиле дека будно ќе го следат случајот.

„Ние се обративме до ЈО со прашање дали таму е оформен предмет и дали се постапува по предмет поврзан со градењето на поранешно Беко, односно ТЦ Плаза. Оттаму добивме одговор дека ЈО по кривична пријава оформило предмет кој се наоѓа во фаза на предистражна постапка, дека се работи за обемен и комплексен предмет по кој ЈО презема повеќе дејствија, па во таа смисла и прибавува материјална документација, податоци од релевантни институции, врши испитувања на лица и донесена е наредба за вештачење“, рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на средината на овој месец.

Ивановска најави дека будно ќе ја следат состојбата и понатаму дотолку повеќе што, како што нагласи, се информирани дека има донесено решение од градежен инспектор дека станува збор за дивоградба.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки