ДВА ПРОТЕСТИ ВО СКОПЈЕ: „Бегајте“ од улиците во Центар и Влада-ќе заглавите!
Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2016 11:13
Доколку имате работа во центарот на главниот град а не сакате да заглавите во гужва ви препорачуваме да го избегнувате барем до 15 часот.
Причината се два мирни протести кои се најавени од 10 до 14 и од 11 часот.
Имено, автошколите кои протестираат веќе неколку дена денеска повторно ќе излезат на улица. Со почеток од 11 ч ќе почне протестот на Националното здружение на автошколи, возачи и инструктори „Обука Л“ и поранешните вработени во „Алумина“ пред Владата.
Вториот протест ќе се одвива пред Институтот за судска медицина на бул. „Мајка Тереза“ од каде протестот продолжува пред Министерството за здравство, Собранието на Град Скопје и истиот ќе заврши на ул. „Париска“ пред ГОБ „8 Септември“ а е во организација на Здружението на погребални оператори Скопје.
Сопбраќајот ќе биде регулиран од сообраќајната полиција а на места истиот ќе биде пренасочуван, затоа избегнувајте го центарот ако сакате побрзо да стигне до планираната цел.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




