19 Декември, 2025
0.0627

Два пункта за фискални сметки во Скопје

Објавено во: Мои пари 24 Јануари, 2014 15:28

Добивај вести на Viber

Државната лотарија на Македонија од денеска отвори два пункта за оставање коверти за учество во наградната игра Фискална во рака - награда без мака во центарот на Скопје: во продажниот сало на ТЕХНОМАРКЕТ во Сити Галери (со работно време секој ден освен недела од 9 - 21:00 часот) и пред продажното место ТОЛЛАКС на ул. Македонија (со работно време секој ден од 8 - 24:00 часот). Граѓаните ковертите со по 20 фискални сметки и со лист со лични податоци, со напомена За наградна игра Фискална во рака - награда без мака, можат да ги оставаат во тек на работното време на овие пунктови или во наменската кутија во зградата на МРТ. За учество во второто извлекување ковертите во наменските кутии може да се оставаат до недела на полноќ. Второто извлекување за наградната игра ќе се реализира на 27.01. 2014 - понеделник, главната награда за ова извлекување е автомобил Фолксваген Поло и 150 вредносни ваучери, во вредност од 1.000 - 60.000 денари. Извлекувања од наградната игра ќе се реализираат секој месец до крајот на 2014та година. Во сите извлекувања редовни награди се автомобил и 150 вредносни ваучери од 1.000 до 60.000 денари, а во седмото ( кое ќе се реализира на 30.06. 2014та) и тринаесетото ( кое ќе се реализира на 29.12. 2014та), покрај за редовните награди ќе се извлекува и за главните награди - стан во Скопје и продажен простор во Скопје. Во седмото извлекување за наградите стан и продажен простор ќе учествуваат и неизвлечените коверти од второто заклучно со шестото извлекување, а во тринаесетото, за извлекување на наградите стан и продажен простор ќе учествуваат неизвлечените коверти од осмото заклучно со дванаесетото извлекување, соопшти Државната лотарија на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии