Двајца кумановци неовластено ја снимале зградата на СВР Куманово, пронајдени се 15 дронови и куршуми
Објавено во: Македонија 12 Септември, 2025 18:08
Двајца кумановци се под истрага за неовластено снимање со дрон, а полицијата откри 15 дронови, муниција и документација.
Полицијата изврши претреси кај две лица осомничени за незаконско снимање на СВР Куманово. Според информациите на полицијата денеска со судска наредба се извршени претреси во домовите на Д.Х. (47) и Д.Г. (51), како и во просториите на правното лице на едниот од осомничените.
„Претресите беа извршени во рамки на постапка по член 149 и член 152 од Кривичниот законик, откако на социјалните мрежи беа објавени видео записи снимени со дрон, на кои се гледа зградата на СВР Куманово, службени возила, како и физичко обезбедување на настанот по повод празникот 2 Август,“ соопшти МВР.
Во домот на Д.Х. се пронајдени еден дрон, шест куршуми и повеќе нотарски акти и документација, додека кај Д.Г. полицијата открила дури 14 дронови. Сите пронајдени предмети се одземени и ќе бидат предмет на понатамошна истрага.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




