20 Декември, 2025
0.0689

Двајца македонски градоначалници завршија во притвор на бугарската граница

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2013 20:20

Добивај вести на Viber

Утрово беа ослободени двајцата македонски градоначалници кои синоќа биле приведени на македонско-бугарската граница , на преминот „Станке Лисичково“. Станува збор за градоначалникот на Виница Емил Дончев и на Кочани Ратко Димитровски, објави Макфакс, кои биле приведени откако граничарите нашле  20 парчиња ловечка муниција и 100 куршуми за оружје со мал калибар. Како што објави бугарската агенција Фокус, градоначалникот на Благоевград, Атанас Камбитов, ги посетил во текот на постапката, а тие се правдале дека куршумите најдени во касетата на автомобилот биле на Бугарин чиј бил автомобилот со кој се превезувале. Кон 19. 30 часот синоќа , на граничниот премин Станко Лесичково , во заедничка проверка на граничната полиција и Агенција е проверен излегуваше автомобил ” Цитроен ” , со македонска регистрација. Во касетата на возилото се пронајдени 20 ловечки куршуми и 1 кутија со 100 патрони калибар 22. Известен е дежурниот окружен обвинител во Благоевград и по негова наредба , на уапсените им е изречена мерка притвор од 24 часа. Двајцата мажи се македонски граѓани на 39 и 57 години“, пишува Фокус. Дончев и  Димитровски се приведени додека се враќале од форумот „Бизнис без граници“, кој се одржа во Благоевград.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии