19 Декември, 2025
0.0433

Две бронзи за каратистите на „Макпетрол“ на Европското првенство за кадети и јуниори

Објавено во: Мои пари 06 Февруари, 2023 13:44

Добивај вести на Viber

Македонските репрезентативци и членови на клубот „Макпетрол“, Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, освоија бронзени медали на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У-21) што се одржа во Ларнака, Кипар. На шампионатот настапија речиси 1.200 каратисти од 41 држава.

Во првото коло Трајковски имаше борба со актуелниот светски првак Матео Фиоре од Италија, кој го победи со резултат 2-1. Во елиминацискиот тој дел забележа уште две победи, загуби во полуфиналето, но на крајот успеа да се пласира на третата позиција. Стојановиќ, пак, со убедлива победа против Малик Багаев од Словачка се закити со бронзеното одличје.

- Задоволни сме од постигнувањето на нашите репрезентативци. Во елиминацискиот дел тројца наши спортисти ги загубија полуфиналните борби и не успеаја да влезат во финалето во своите тежински категории. Сите загубија во четвртото коло, но и сите тројца добија шанса да се борат за бронзен медал. Шансата ја искористија нашите актуелни светски вицешампиони Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, но, за жал, Викторија Јовановска не успеа да направи хет-трик иако и таа беше на чекор до медалот - изјави Петар Заборски, тренерот на младите каратисти.

Викторија Јовановска добро се бореше и не загуби, туку нејзината борба заврши 3-3, но противничката Мартина Куртеш од Босна и Херцеговина на судиско изјаснување се закити со бронзен медал. Јовановска заврши како петтопласирана на европското првенство.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии