30 Септември, 2024
0.0338

ДВЕ ДАМИ НА МЕСТОТО НА НОВИТЕ МИНИСТЕРКИ - кој ќе влезе во Парламентот откако си заминаа Петровска и Стојчевска

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Откако две досегашни пратенички заминуваат на многу повисоки и поодговорни функции во новата Влада на Димитар Ковачевски, а тие се Славјанка Петровска која ќе седне на позицијата министерка за одбрана, како и Бисера Костадиновска-Стојчевска, која ќе биде министерка за култура во новата Влада на Димитар Ковачевски, Законодавниот дом ќе треба да биде пополнет со двајца нови пратеници кои ќе добијат позиции на народни избраници.

Вообичаено, за да се одреди кој ќе ги пополни испразнетите пратенички места, се одредува според изборната единица од која што доаѓа пратеникот што си заминува на друга функција. 

Но, како што објаснуваат извори од Собранието, за да се запази родовата застапеност, правило кое е одредено врз основа на Изборниот закониок, односно ако од Парламентот си заминува жена, на нејзино место повторно треба да дојде жена за народна избраничка. 

Па така, Славјанка Петровска од СДСМ, која беше од Изборната единица два, заминува да биде министерка за одбрана, а на нејзино место ќе дојде Санела Шкриељ, која е следна жена на листата во изборната единица два. 

Неа јавноста ја памети како поранешна дополнителна заменик-министерка за труд и социјална политика, а досега беше шефица на кабинетот на Мила Царовска, откако претходно беше и шефица на нејзиниот кабинет во Министерството за труд и социјала.

Додека, пак, на местото на Бисера Костадиновска Стојческа која доаѓа од петтата изборна единица, следна жена на листата е Марија Кочовска од Демир Хисар. 

За оваа млада жена собраниски извори велат дека работела во здравствениот сектор, па беше неизвесно дали ќе влезе на пратеничката позиција. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација