Две финалиња за македонските каратисти на Светската Универзијада
Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2022 16:24
Mашкиот и женскиот тим на македонската карате-репрезентација се пласираа
во финале во дисциплината борби на Светските универзитетски игри што се
одржуваат во Самсун, Турција. На ова глобално натпреварување, кое што од
годинава е именувано како „Светски куп на боречки спортови“, пријавени
се 1.100 учесници од 300 универзитети од 50 држави. Македонската
универзитетска карате репрезентација е предводена од селекторот Бошко
Заборски, кој исто така е и тренер на скопски „Макпетрол“.
Машкиот тим, составен од Давид Петков, Петар Спасеновски, Петар
Заборски, Глигор Петков и Димитар Илиевски во полуфиналната борба ја
победи екипата на Турција со резултат 3-2. Во финалето тие утре за злато
ќе се борат со тимот на Јордан. Нашиот карате тим на Европската
универзијада во Лоѓ, Полска, во јули годинава во истата категорија беше
првопласиран.
Турција со резултат од 1-0. Во финалето тие ќе се сретнат со Хрватска.
За тимот настапуваат Ангела Мојсовска, Викторија Јовановска, Марија
Петровска и Моника Пендаровска.

Во поединечните категории, следниве македонски спортисти утре ќе се
борат за бронзен медал: Давид Петков (-67 кг.), Ангела Мојсовска
(-68кг.), Викторија Јовановска (-61 кг.) и Марија Петровска (-55 кг.)
ПР Објава
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




