Две илјади тони „ајварка“ ќе влезат во Македонија без давачки
Објавено во: Агробизнис
12 Ноември, 2014 14:12
Добивај вести на Viber
Спас за конзервната индустрија погодена од недостигот на пиперката „ајварка“ - Владата одлучи да дозволи увоз на 2.000 тони пиперка за да се задоволат потребите на преработувачите.
Еден месец Владата го анализираше пазарот пред да ги прифати барaњата за укинување на давачките за увоз на индустриски пипер и да ја намали царинската стапка за увоз на доматно пире.
Увозните давачки за индустриската пиперка се укинуваат до крајот на годината за околу 2.000 тони, од кои еден увозник може да внесе најмногу 25% односно до 500 тони, појасни владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Царинската стапка за увоз на доматно пире е преполовена до 30.06.2015 година. Увозот е ограничен на 500 тони, а еден увозник ќе може да увезе најмногу 125 тони.
Конзервната индустрија се соочи со недостиг на пиперка за производство на ајвар и други производи заради што не можеше да ги реализира преземените обврски за извоз. Причината за ова се гледаше делумно во лошите временски услови. Земјоделците, пак, тврдеа дека дел од причината лежи и во неисполнувањето на обврските на преработувачите со што останувале немотивирани да садат.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?