20 Декември, 2025
0.0529

Две компании криеле евтина варијанта на лек за рак, скандалот е откриен, фрчат казни во ЕУ!

Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2013 08:02

Добивај вести на Viber

Европската комисија им одреди казнa од 16 милиони евра на двете фармацевтски компании – американската Johnson & Johnson и швајцарската Novartis. Во јули 2005 двете компании постигнале договор со кој го ограничуваат навлегувањето на евтиниот генерички вид за намалување на болки лекот „Фентанил” на пазарот во Холандија. Тој договор е во спротивност со антимонополските правила на ЕУ, е наведено во официјалното соопштение на комисијата. Индивидуалните казни се во размер од 10,8 милиони евра за Johnson & Johnson и 5,5 милиони евра за швајцарскиот гигант. „Фентанил”-от е моќен лек за намаување на болка, или околу 100 пати по силен од морфиумот. Секако тој се користи за лекување на болките на пациенти кои се заболени од рак. Лекот е разработен од Johnson & Johnson уште пред 60 те години. Во 2005 година авторските права на компанијата за формулата на лекот протекуваат за Холандија и поради тоа се започнати дејствија за ограничување на генеричките варијанти на лекот, покажала проверката на Брисел. Во Јули 2005 година фармацевтската компанија Sandoz веќе го имала произведено генеричкиот вид на „Фентанил”. J&J и Novartis  и предложиле месечна такаса на компанијата доколку таа се воздржи од понуда на својот продукт во Холандија. Соодветно на тоа Sandoz не го нуди својот лек на пазарот. Од таа постапка главна последица имаат пациентите кои немаат достап до евтина варијанта на лекот, вели комесарот задолжен за конкуренција Хоакин Алмунија. Тој договор дејствувал до Декември 2006 година, кога трета компанија започнала да ја продава својата варијанта на „Фентанил” на пазарот. K.K

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии