16 Декември, 2025
0.0755

ДВЕ ПРИЧИНИ ЗА ВИСОКИОТ БРОЈ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД - на лекар се јавуваат многу доцна, а имале и по повеќе коморбидитети

Објавено во: Македонија 23 Август, 2021 10:36

Добивај вести на Viber

Големиот број смртни случаи во земјава од коронавирусот се должи на две работи. Прво, како што објаснуваат од Министерството за здравство, граѓаните многу доцна се јавуваат на лекар, често и од причина што не мислат дека се заразени со коронавирусот, бидејќи делта сојот има поинакви манифестации од претходните варијанти на ова заболување. Втората причина, пак, како што велат, е тоа што починатите граѓани имале голем број други заболувања, односно коморбидитети. 

Како што е познато, во последниве некоку дена во земјава има голем број случаи на починати граѓани од корона вирусот, односно над 160 граѓани во последните дваесетина дена. Речиси секој ден има двоцифрени броеви на починати граѓани. 

Вчера беа регистрирани 14 смртни случаи на ковид 19, но тој број во петокот беше многу повисок, дури 24 лица, а во саботата нивниот број изнесуваше 22 лица. Или, само во петокот, саботата и неделата имаше дури 60 смртни случаи од коронавирусот. 

Она што особено загрижува, е што меѓу починатите има и многу млади лица, на возраст под 50 години. А, како што објави Министерството за здравство, досега се забележани и девет смртни случаи меѓу вакцинираните граѓани. 

Фактор праша во Министерството за здравство која е причината за високиот број смртни случаи, дотолку повеќе што нашите клиники веќе имаат искуство со лечење на болни од коронавирусот, а беше објавено и дека се набавени скапи и модерни лекови за овие пациенти. 

Од Министерството за здравство велат дека на болните им се дава соодветна терапија, по сите светски протоколи, како и дека се набавени најскапите и најсофистицирани лекови терапии за нивно лекување. Тврдат дека сите пациенти ги добиваат сите лекови што ги има на располагање и тоа во сите болници во земјава, и тоа се прави без никаква селективност, а зависно од нивната здравствена состојба.

Од почетокот на пандемијата, на болните со ковид, хоспитализирани во болниците, им се дава соодветна терапија, а лекувањето во бониците е по протоколи. Нашата земја ги има набавено најскапите и најсофистицирани терапии за лекување на пациенти со ковид. Секој пациент ја добива соодветната терапија без исклучок. За сите лекови кои се аплицираат во болниците постојат соодветно напишани протоколи, во кој случај и на кој пацинет треба да му се даваат, и во никој случај не се прави селекација кој пациент до каква терапија ќе има пристап. Сите ковид центри во државата ја имаат соодветната терапија за лекување на болните“, потенцираат од Министерството за здравство.

Но, многу често болните доцна се јавуваат на лекар, и бараат помош дури откако ќе им се влоши здравствената состојба. 

„Многу е важна временска рамка кога пациентите се јавуваат на лекар. Многу често, пациентите седат дома, и многу подоцна се јавуваат на лекар, односно бараат лекарска помош откако ќе им се влоши здравствената состојба. И така не е само кај нас, туку насекаде во светот. Втора причина за смртноста на пацинетите со ковид е бидејќи истите имаат многу коморбидни состојби“, објаснуваат од Кабинетот на министерот Филипче.

Се интересиравме и дали се уште има доволно место за заболените од ковид во земјава во нашите болнички капацитети, на што од МЗ одговараат дека места има, а здравствениот систем секојдневно се менаџира.

„Во државата има доволно кревети за хоспитализација на пацинети со ковид кои имаат потреба од болничко лекување“, децидни се здравствените власти.

Инаку, во четвртокот во земјава беа аплицирани речиси 17.000 дози вакцини, од кои 11.925 граѓани беа со прва доза, во петокот пак вкупно се вакцинирани 17.099 граѓани, а прва доза вакцина во петокот примиле 13.398 граѓани. Според МЗ, ова е солиден процент на аплицирани вакцини.

Сега повеќе почнаа да се вакцинираат и помладите граѓани. Па така, според податоците на МЗ, заклучно со 19 август, 263.716 лица на возраст од 18 до 50 години примиле вакцина против ковид 19.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“