Две сребра и една бронза за македонските каратисти на Светската Универзијада
Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2022 12:01
Македонските карате репрезентативци, кои што изминативе денови учествуваа на Светскиот универзитетски куп на боречки спортови во Самсун, Турција, од ова натпреварување се вратија со две сребрени и еден бронзен медал, како и три пласмани на петто место.
Во екипна машка конкуренција, нашиот тим во финалето загуби од репрезентацијата на Јордан со 1-3 и на тој начин стана вицешампион. Македонската екипа беше составена од Петар Спасеновски, Давид Петков, Димитар Илиевски, Глигор Петков и Петар Заборски.

Женската македонска репрезентација во финалето се бореше со Хрватска и загуби со 0-2, со што се закити со сребрено одличје. Ангела Мојсовска, Викторија Јовановска, Марија Петровска и Моника Пендаровска беа дел од нашата екипа.
Бронзен медал во поединечна конкуренција освои Давид Петков во категоријата борби под 67 килограми. Во битката за третото место тој го совлада украинскиот репрезентативец Давид Јановски со резултат 1-0.
Ангела Мојсовска (-68 кг.), Викторија Јовановска (-61 кг.) и Марија Петровска (-55 кг.) учеството во индивидуална конкуренција го завршија како петтопласирани во своите тежински категории.


ПР Објава
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




