19 Декември, 2025
0.0409

ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО: Професорките Каракамишева и Најчевска со спротивставени ставови

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2018 10:11

Добивај вести на Viber

За тоа што е двотретинско мнозинство, свои мислења кажаа професорките Мирјана Најчевска и Тања Каракамишева. 

Прво Каракамишева го оспоруваше гласањето во петокот за уставни измени. Таа објасни дека за да гласањето биде важечко потребни се 81 глас. Најчевска на тоа вели дека не секој треба да биде професор.

„Мислам дека е редно за одредени професии да се прави тест на елементарна интелигенција. Навистина не знам како одредени луѓе завршуваат факултет и магистрираат и докторираат. Тоа е посебна тема. Меѓутоа не смее да се дозволи очигледно глупи луѓе да бидат професори. Значи има неколку вида мнозинство со кое се донесува одредена одлука. Еве, апсолутно мнозинство од 120 е 61 (кога вкупниот број е 120). Ако е 60 не е мнозинство нели туку е еднакво или пата -пата. За да стане мнозинство треба на едната страна да има барем еден човек повеќе, а на другата барем еден помалку од 60 како бројка на еднаквост. Просто мнозинство е мнозинство од присутните. На седница биле присутни 90 и мнозинство би било 46. Двотретинско мнозинство секогаш се пресметува од вкупниот број. Значи не две третини од присутните туку од сите 120 пратеници. Двотретинско мнозинство од 120 е кога две третини од тие 120 или 80 души се на една страна а 40 на друга. Нели 80 е повеќе од 40 и заради тоа е мнозинство, а во исто време 80 претставува две третини од 120 и затоа е двотретинско. И јас навистина мислам дека мојот универзитет треба да размисли за воведување на тестови за интелигенција“, пишува Најчевска.

Каракамишева тврди дека  2/3 мнозинство секогаш било и ќе биде 81 пратеник.

„Уставот не вели две третини од пратениците, туку 2/3 мнозинство од вкупниот број на пратеници. Како што апсолутното мнозинство значи 60+1=61 така и 2/3 или квалификувано мнозинство значи 80+1=81 пратеник“, наведува Каракамишева.

На гласањето од 117 присутни, „За“ гласаа 80, а немаше против, ниту воздржани. 

Осум пратеници од опозицијата овозможија да има двотретинско мнозинство. 

Претходно, премиерот Зоран Заев повика на помирување за 27 април, но и кажа дека е верник и дека верува во чуда. 

Можеби ќе ве интересира

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан