20 Мај, 2024
0.0296

Џафери открива кога е можно договорот со Грција да се објави во Службен весник

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

-Политичките партии иницираа да се носат измени на Изборниот законик во делот на методологијата на изборот на ДИК по колективната оставка на претходниот состав а уште кога почнаа колективните оставки, под ваков или под онаков притисок, без оглед од кои причини, укажав на можноста за парализирање на сите институции, вели собранискиот претседател Талат Џафери во денешното интервју за МИА.

Тој посочува дека кога се разговара за определени прашања однапред треба да се предвидат и процедурите во кои чекори и во која временска рамка ќе се реализира таа процедура.

„Политичките партии се договорија да го изменат Изборниот законик и определиле рок во кој тоа ќе го спроведат консензуално и откако се заврши таа процедура почнуваат нови однесувања, нови калкулации во однос на можностите, и фактот што е работата доведена во теснец во однос на роковите, пропишани, кои сами впрочем ги пропишаа партиите“, додава спикерот. 

Претседателот на Собранието посочува дека за Парламентот нема последен рок за распишување на референдумот бидејќи се уште нема определно датум за негово одржување. 

- Затоа не сме оптеретени стриктно да кажеме 30 јули, 31 јули или 1 август ни е последниот рок. Битно е да се определи рамката во која што се сака да се одржи референдумот и врз база на тоа да се поднесе предлог-одлука до Собранието, вели претседателот на Парламентот додавајќи дека во тој случај би можело да се свика и итна пленарна седница во кој било ден од неделата.   

Џафери исто така во интервјуто најавува дека Законот за ратификација на Договорот со Грција и Законот за јазиците ќе бидат испратени во Службен весник пред да го распише референдумот за името. Според Џафери тоа би било логично затоа што, како што вели, што би било предмет на референдумот тогаш. 


Можеби ќе ве интересира

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

СУДСКИОТ СОВЕТ НА ПОЛНОЌ ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА: по денешното апсење за мито

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„Битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“: Јаулески од ВМРО смета дека ќе добијат уште еден пратеник

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ДУИ да се спремаат за мирна, цивилизирана транзиција како во секоја европска држава“: Милошоски вели „време е да заминат во опозиција“

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

„ПРОБАВ ДА ВЛЕЗАМ ВО СОБРАНИЕТО. И НЕ УСПЕАВ“: професорката Најчевска ја напушта „Твоја партија“, еве што порача

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

АВМУ: Изборен молк поради прегласување за Парламентарните избори 2024

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

СУДИЈА ОД ВРХОВЕН СУД ЗАВРШИ ЗАД РЕШЕТКИ - фатен во моментот кога добивал мито

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

МИЈАЛКОВ ОД ЧЕТВРТОК НА СЛОБОДА: Апелациониот суд го ослободува, под услов да не стори ново дело

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

Започна со работа новото училиште во Визбегово, се запишуваат првооделенците

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат

ЗА ТРИ ИЛЈАДИ ДЕНАРИ СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО - притвор за насилник од Раштани кому ова не му било прв пат