19 Декември, 2025
0.0396

ЏЕК МА КОЈ ИМА ПАРИ ЗА УШТЕ 10 ЖИВОТИ: Работното време од 12 часа е благослов!

Објавено во: Финансии 16 Април, 2019 12:17

Добивај вести на Viber

Додека во скандинавските земји се разгледува намалувањето на бројот на работни часови, кинескиот милијардер Џек Ма, смета дека најидеално е работното време од 12 часа. Откако претрпе критики, тој потврди дека и понатаму смета дека 12 часа работа шест денови неделно се рецепт за успех.

Кинескиот милијардер и коосновач на гигантот Алибаба тврди дека е најдобро да работите секој ден од 9 утрото до 9 вечерта. За чудо, еден ден дозволува да се потроши на одмор. Се работи за системот 996 за кој доста се зборува во Кина, бидејќи многумина сметаат дека без работа од 9 до 9, 6 дена неделно оваа земја не би напредувала толку брзо. Џек Ма е еден од луѓето кои го делат ова мислење.

Неговото мислење го дели уште еден кинески милијардер Ричард Лиу, кој е сопственик на порталот jd.com. И додека Ма 996 системот го нарекува „благослов“, Лиу смета дека растот на кинеската економија зависи од бројот на работохолици.

Кој не би сакал работно време од 12 часа?

Имено, Кина доживеала огромен економски раст од крајот на 70-тите до средината на 2000 тите години. Растот бил просечно 10% за да во последните години доживее забавување на 6%. Тоа веројатно е резултат на промената во начинот на живот каде Кинезите повеќе не сакаат да работат по цел ден за компанијата.

Џек Ма може да каже дека нему би му се исплатило да има работно време до 12 часа, бидејќи може да оди во (богаташка) пензија, како што најави неодамна. Неговата компанија моментално вреди околу 490 милијарди долари, додека богатството на Ма се проценува на 40 милијарди.

Дали навистина вредело да си го жртвува животот за да има пари кои не може да ги потроши за уште 10 животи? Од друга страна, многумина и понатаму работат по системот 996, иако никогаш нема да бидат ни приближно богати како тој.



foto: NDTV.com

Можеби ќе ве интересира

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра