03 Јули, 2024
0.0265

„Џонсон Контролс“ ја „сефтоса“ економската зона во Штип

Објавено во: Економија 20 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Во технолошко индустриската развојна зона во Штип денеска беше отворена фабриката за производство на навлаки за автомобилската индустрија, на познатата американска компанија „Џонсон контролс“. Ова е прва фабрика во штипската индустриска зона и се очекува да придонесе за намалување на бројот на невработени, не само во Штип туку и во соседните општини Свети Николе, Велес, Кочани, Пробиштип и Виница. „Џонсон контролс“ во новиот капацитет вложи 20 милиони евра. „Ние секогаш ќе им бидеме од помош на странските инвеститори, бидејќи ваквите инвестиции се од големо значење за економијата. Владата останува посветена на влезот на странскиот капитал. Веќе имаме јасни и силни сигнали за инвестиции од повеќе реномирани светски компании, од кои некои ќе инвестираат и во зоната во Штип“, рече премиерот Груевски. Според директорот на Дирекцијата за технолошки-индустриски зони Виктор Мизо, првиот производен капацитет во ТИРЗ - Штип се протега на површина од 4,9 хектари, додека покриениот простор изнесува 13.500 квадратни метри. „Оваа фабрика како и другите кои ќе се градат во оваа ТИРЗ значително ќе придонесат за подобрување на животниот стандард на луѓето од овој регион“, порача Мизо. Уредувањето на ТИРЗ - Штип почна во март 2010 година, а камен- темелникот на „Џонсон контролс“, како прв капацитет во зоната, беше ставен кон средината на октомври 2011 година. Но, изградбата почна десет месеци подоцна. „Џонсон контролс“  има фабрики во над 150 држави во светот во кои работат близу 160.000 работници, меѓу нив се и двете во Македонија - една во Штип и една во индустриската зона Бунарџик, во близина на Скопје. Во штипската фабрика денеска работат околу 1000 работници.

Можеби ќе ве интересира

Кинески модел е на врвот на продажбата на автомобили во Израел во 2024

Кинески модел е на врвот на продажбата на автомобили во Израел во 2024

Константинос Николау – главен извршен директор на УСЈЕ: Остануваме фокусирани на развојот на компанијата и заедницата

Константинос Николау – главен извршен директор на УСЈЕ: Остануваме фокусирани на развојот на компанијата и заедницата

КОЈ Е СТРАНСКИОТ ИНВЕСТИТОР ШТО ТОНЕ ВО ЗАГУБИ, А СЕГА САКА ДА ИЗДАДЕ АКЦИИ ЗА 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА - еве што се случува во друштвото кое произведува сопирачки за возови

КОЈ Е СТРАНСКИОТ ИНВЕСТИТОР ШТО ТОНЕ ВО ЗАГУБИ, А СЕГА САКА ДА ИЗДАДЕ АКЦИИ ЗА 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА - еве што се случува во друштвото кое произведува сопирачки за возови

ЗК „Пелагонија“ на слатки маки! Што ќе направи со 8,2 милиони евра добивка?

ЗК „Пелагонија“ на слатки маки! Што ќе направи со 8,2 милиони евра добивка?

Што работел Коце Трајановски изминатите години пред да стане директор на „Државни патишта“?

Што работел Коце Трајановски изминатите години пред да стане директор на „Државни патишта“?

ОСТВАРИЛЕ ПРИХОДИ, АМА ГИ ЗГОЛЕМИЛЕ И ПЛАТИТЕ – извештајот на МАПАС открива како сработиле минатата година

ОСТВАРИЛЕ ПРИХОДИ, АМА ГИ ЗГОЛЕМИЛЕ И ПЛАТИТЕ – извештајот на МАПАС открива како сработиле минатата година

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!