05 Декември, 2025
0.1534

Ревизија: Фондот за Здравство исплатил 24 милиони евра за неизвршени здравствени услуги

Објавено во: Економија 12 Декември, 2012 15:49

Добивај вести на Viber

Фондот за здравствено осигурување на 43 здравствени установи не им исплатил 7,9 милиони евра иако извршиле здравствени услуги, а на 68 им исплатил 24 милиони евра, повеќе од тоа што реализирале, посочуваат државните ревизори во извештајот за работењето на ФЗО минатата година. „Констатираната состојба ги доведува во независна состојба јавните здравствени установи кои во помал износ ги наплатиле извршените здравствени услуги, а влошена е и нивната ликвидност. Со ревизијата е констатиран тренд на зголемување на бројот на јавни здравствени установи кои имаа помала фактурирана реализација а имаа повеќе добиено пари од Фондот“, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија. Ревизорите констатираат дека Фондот за здравство утврдувал надоместок за здравствени услуги кој не бил во согласност со законските прописи и интерни акти што придонело за нецелосно надоместување на сите трошоци при извршување на здравствените услуги од страна на здравствените установи. Фондот уште од 2009 година немал донесено програма за инвестиции во здравството ниту пак издвојувал пари за таа намена, што според ревизорот било на штета на јавните здравствени установи и директна причина за влошување на условите за лекување на осигурениците. Ревизорот заклучува дека суштинските проблеми во здравството и понатаму остануваат оти Фондот не сака да ја реши судбината на неодржливите здравствени установи а Министерството за здравство не ги исплатило планираните средства за здравствени услуги. За лани Министерството требало да им плати на јавните здравствени установи 9,1 милион евра но на крај на годината истите имале ненаплатени побарувања од 16 милиони евра. Ревизорите констатираат дека одговорноста за ваквото работење е на директорките Маја Парнаџиева, Виолета Петровска и на директорот Џемали Мехази.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката