ДЗС: Просечното искористување на капацитетите во јуни изнесува 60,9 проценти
Објавено во: Економија 23 Јули, 2013 11:39
Според Државниот завод за статистика, раководителите на компаниите велат дека економската состојба на деловните субјекти во јуни 2013 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на јуни 2012 година, додека просечното искористување на капацитетите изнесува 60,9 проценти.
Според нив, како што соопшти Државниот завод за статистика, обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството во јуни 2013 година е поповолен во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, додека очекувањата за бројот на вработените се поповолни.
Во јуни 2013 година залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готови производи се зголемени во споредба со претходниот месец. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 26,2 отсто, недоволната домашна побарувачка со 20,2 процента, финансиските проблеми со 9,8 отсто и конкурентниот увоз со 9,1 процент.
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




