Е-продавниците стигнаа и во Битола
Објавено во: Мои пари 05 Април, 2013
Во рамкита на проектот на Министерството за информатичко општество и администрација, денеска во Битола беше отворена електронска продавница со ИТ услуги.
„Во оваа електронска продавница ќе може се набават курсеви за изучување програмски јазици, да се прават софтверски апликации за потребите на граѓаните во Република Македонија, но и на сите граѓани во светот што се вклучени на интернет“, рече министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.
Претходно, како што рече, беа отворени електронски продавници од текстилната индустрија, туризам, продукти за фармацевтската индустрија.
Во Република Македонија досега се отворени околу 250 електронски продавници.