05 Декември, 2025
0.0294

Еден месец пред почетокот, исполнети сите капацитетите на саемот за мебел

Објавено во: Мои пари 13 Февруари, 2013 11:10

Добивај вести на Viber

Еден месец пред да започне, меѓународна саемска манифестација “Мебел 2013“, веќе ги има исполнето сите свои изложбени капацитети. Како што информираат од Групацијата Ера-Скопски саем, саемот за мебел стана препознатлив бренд во оваа индустрија и се стекна со статусот како еден од најдобрите и најпосетени саеми во Македонија и пошироко во регионот. „Годинава, во периодот од 26 до 31 март , „Мебел 2013" ќе претставува вистинско место за промоција на најновите трендови во производството на мебел пред потрошувачите. Учество ќе земат околу 142 директни изложувачи кои покрај од Македонија доаѓаат и од Италија, Грција, Бугарија, Германија, Србија, Хрватска, Словенија, Косово, Австрија, Грција, Република Чешка и кои ќе треба да ја нахранатт потребата за функционалност, практичност, удобност, стил, современост, за креирање на ентериери и екстериери за спокојни домови и динамични работни простори. Од година во година забележително е и се поголемото учество на компании од Република Турција, кои и оваа година, ќе учествуваат во зголемен број“ информираат од Скопски саем. Минатата година оваа саемска манифестација ја посетија 50.000 посетители, а исто така и оваа година се очекува „Мебел 2013" да привлече уште поголем број на посетители во текот на шесте саемски денови. Традицијата на овој саем со стручно оценување на изложени експонати на саемот продолжува како и секоја година. Ќе се доделуваат награди во 2 категории: трговци и производители, со по 10 посебни категории. Збогатување на МЕБЕЛ 2013" ќе претставува и изложбата на антиквитетен мебел и уметнички слики во организација на Асоцијацијата за култура ИКОН, а ќе биде поставена во фоајето на Управната зграда на Скопски саем. Изложбата ќе претставува плод на универзалното братство на творештвото, магичен круг поставен за да ги поттикне убавите чувства за едни времиња

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!