29 Септември, 2024
0.0347

ЕДЕН СТАН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ И ТРИ СТАНА ВО ВЕЛЕС - ги продава Агенцијата за одземен имот, еве која им е почетната цена

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Агенцијата за управување со одземен имот ќе продава неколку стана одземени од криминалци кои вршеле кривични дела.

Едниот е апартман во Скопје, во Центар, и има површина од 86 метри квадратни, а на „барабан“ одат и неколку станови во Велес. Станува збор за продажба на недвижности на второ јавно наддавање по електронски пат. Огласот е распишан завчера, а јавното наддавање ќе се изврши на 30 овој месец.

Како што наведуваат од Агенцијата, станува збор за конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка. Одлуките за продажба на овие станови се донесени од Владата.

Станот во Скопје ќе има почетна цена од 86 и пол илјади евра, додека, пак, за неколкуте стана во велес ќе се бараат стартно вкупно 41 илјади евра. Но, колку пари конечно ќе се платат, ќе зависи колку ќе понуди најзаинтересираниот потенцијален купувач.

Овие огласи можат да се видат на веб страната на Агенцијата за управување со одземен имот.

„Се врши продажба на одземен недвижен имот – апартман... со внатрешна површина од 86 метри квадратни, на улица „Славејко Арсов“ број 144 Скопје, КО Центар 2, сопственост на Република Северна Македонија – Агенција за управување со одземен имот“, се вели во огласот, потпишан од директорот на Агенцијата, Фатон Асани.

Се додава дека продажбата се врши заедно со јавно наддавање, со почетна продажна цена утврдена согласно процената на Министерството за правда – Биро за судски вештачења, направена во ноември лани, и намалена за една четвртина од проценетата вредност, и тоа во вкупен износ од 5.319.320 денари или 86.490 евра.

Разгледувањето на овој објект ќе се врши утре, од 11 до 12 часот. Рокот за поднесување на пријавите е до 28 јуни, до 15.30 часот.

Наддавањето ќе биде на 30 јуни , ќе почне во 10.часот и ќе трае 15 минути.

Кога станува збор за становите во Велес, пак, ќе се продаваат неколку станови, и тоа – првиот од 43 метри квадратни, вториот од 76, третиот од 71, потоа гаража од 20 м2, подрум од 11 м2 и помошна просторија од 8 м2.

Нивната почетна цена исто така е утврдена од Министерството за правда и намалена за една четвртина од проценетата вредност, или вкупно се проценети на 2.516.902 денари, односно 40.925 евра.  

Наддавањето за овие станови ќе почне во 9 часот и ќе трае 15 минути. Крајниот рок за поднесување на пријавите за учество исто така е 28 јуни до 15.30 часот.

И во двата случаја право на учество на јавното наддавање имаат сите физички и правни лица, освен осуденото лице од кого е конфискувана недвижноста, вработените во Агенцијата, како и друго лице кое учествувало во постапката за продажба.

„Лицата заинтересирани за купување ќе можат да учествуваат на наддавањето доколку положат гаранција од 10 отсто од утврдената вредност на недвижностите, а оние чија понуда нема да се прифати, гаранцијата ќе им се врати“, стои во огласот.

Доколку има само еден понудувач, нема да се одржи јавното наддавање.

Купувачот што ќе победи ќе треба парите да ги плати во рок од 15 ден, на сума намалена за гаранцијата, а доколку тоа не го стори за 15 дена, ќе се смета дека се откажал, и гаранцијата нема да му биде вратена.

Данокот на промет паѓа на товар на купувачот.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија