Еди Рама: Албанија и Косово може да се обединат
Објавено во: Балкан 07 Април, 2015 13:58
Албанија и Косово ќе се обединат на класичен начин, ако ЕУ не го отвори патот за евроинтеграцијата на Косово. Тоа го изјавил албанскиот премиер Еди Рама.
Во рамки на телевизиска дебата на телевизија „Клан“ од Косово, во кој учествуваа и косовскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Хашим Тачи, Рама изјавил дека обединувањето на Косово и Албанија има две алтернативи но тие зависат од ЕУ.
„Првата алтернатива е обединување во рамките на ЕУ, но ако Унијата продолжи да ги затвора вратите за интеграција на Косово, тогаш двете страни ќе бидат принудени да се обединат на класичен начин“, изјавил Рама.
Тачи од своја страна, изјавил дека изјавата на Рама не претставува закана за ЕУ, туку реалност која може да се реализира во иднина како резултат на изолацијата на Косово од страна на ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




