24 Ноември, 2024
0.0264

Една поинаква текстилна приказна: Каде се роботите во нашите фабрики и што ни носат

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Една е од столбовите на домашната преработувачка индустрија – клучен двигател за индустријата воопшто и една од индустриите кои најмногу вработува. За текстилната индустрија често се зборува од аспект на проблемите со кои се соочува во последниот период, но овој дел од македонската економија има сериозен потенцијал, можност за дополнителен раст. Сепак, доста работа и предизвици се на патот. Западните искуства од кои дел може да се аплицираат и во македонскиот случај значат нови трендови во текстилната индустрија – модернизација и секако дигитализација. Да, дигитализација иако тоа можеби звучи невозможно сега. Сите засегнати страни тврдат дека тоа е единствениот начин за зголемување на потенцијалот на домашната текстилна индустрија, но и значајна можност за издигнување...

ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА РАСТ, АМА КАКОВ

Надица Крстевска е вработена во текстилна фабрика во Штип. Нејзиното име за потребите на овој текст е изменето. Можеби и немаше потреба за тоа затоа што во нејзините ставови нема ништо што значи напад кон своите работодавачи. Сепак навистина има еден страв меѓу тие работници – можеби затоа што во минатото често се зборуваше само за кршење на нивните права, за нивно експлоатирање. Темите полека добиваат нова суштина. Крстевска има 42 години, често следи кои се развојните планови на нивните текстилни партнери, ги следи и новите технологии кои се воведуваат во системите на производство во развиените земји. Вели дека тоа е шанса и за домашните фабрики.

„Точно е дека ние функционираме поинаку, но тоа не значи дека не можеме да се прилагодиме. Дигитализацијата и роботозацијата на процесот не мора да значи без исклучок намалување на бројот на вработени, а ќе се смени сликата, ќе бидеме попродуктивни и дополнително оваа индустрија ќе биде поатрактивна за помладите луѓе. Значи итно е потребно да се квалификуваме и да добиеме соодветни вештини и квалификации, вели Крстевска.


На другата страна, ист став имаат и менаџерите.

Ирена Јакимовска, директорка на текстилната компанија „Комфи Ангел“ од Прилеп  на конференцијата фокусирана на премостување на јазот кај вештините и креирање нови и подобри работни места реализирана од УНДП МК со поддршка на Британската амбасада вели дека сега е моментот да се работи на подобрување на капацитетот и технологиите во производството во оваа индустрија.

„Оваа гранка има огромен социјален импакт во нашето општество, но дефинитивно мора да се преструктурира. Знаеме дека креирање на сопствен производ е тешко, дека бара многу ресурси, но не е невозможна мисија. Она што во земјава е голема опасност за бизнис заедницата, но и за економијата генерално, е иселувањето на работната сила, процес којшто ковид пандемијата го стопираше. Ние сега мораме овој период на ‘затишје’ во потребата на западните држави за квалификувана работна сила од Македонија и останатите земји од регионов, да го искористиме и да се фокусираме на развој на младите, да им покажеме дека и во сопствената држава може да имаат атрактивна работа и достоинствен живот“, велиЈакимовска.


ПАНДЕМИЈА И ТЕКСТИЛ

Но, кои се можностите за развој на текстилната индустрија, дополнително сега во време на пандемијата? Дел од текстилните компании беа погодени па се соочија со доцнење на репро материјалите, имаа помалку нарачки. Дури и навиките се сменети па речиси сите купуваат он лајн, а дури 92 проценти од  од произведените македонски текстилни производи се продаваат на странските пазари. Според светските искуства облеката може да се дизајнира и дигитално во три димензии на компјутер и се изложува на дигитални модели-аватари кои презентираат дигитално онлајн модно шоу на кое клиентите ги носат одлуките, без воопшто да се почне со производство и на прототип. Сепак нашата текстилна индустрија е структуирана така што најголем дел компании воопшто не се вклучени во овие процеси, туку само во делот на производство, по однапред дадени шаблони, дизајни и репро-материјали од страна на клиентите.

Затоа, се смета дека воведувањето на модерни решенија како и дигитализацијата на бизнис процесите мора да се случат.

Текстилната индустрија во 92 проценти е лон производство што значи само дека овде се прави преработката, само работната рака. Јакимовска вели дека еден од главните проблеми е во образовниот систем кој не создава доволно квалификувани кадри

„Со цел надминување на овој јаз, ние како бизнис заедница почнавме соработка со средните училишта во Прилеп, да се прилагодуваат наставните програми на потребите на пазарот, да имаат учениците доволно пракса во компаниите, затоа што сакаме бизнис секторот максимално да застане зад образовниот процес и да инвестираме во нашите генерации, нашата иднина. Трошокот за надминување на овој проблем ќе биде многу поголем во иднина, доколку сега не се потрудиме“, истакна директорката и ко – сопственичка на една од најголемите текстилни фабрики во моментов во Северна Македонија и еден од најголемите извозници во оваа бранша, вели Јакимовска

ИгорЈорданов вели дека системот LON треба да се пренесе во полн пакет што е можно поскоро. Дополнителни инвестиции во автомати, CAD / CAM, дигитализација и роботизација според него, ќе ја зголемат продуктивноста и ќе ја сменат сликата од трудоинтензивен во модерен и привлечен сектор за младите.


„Наместо традиционалниот оператор на машината за шиење  на интервјуираните и анкетираните компании им се потребни нови професии како операторот на автомат, обучен компјутерски оператор со вештини во софтверот Лектра и Гербер, менаџер за производство во секторот облека, сервисери на машини во секторот за облека, оператор на машината за перење (завршна изработка) и оператор на машината за плетење (кружен и рамен), вели Игор Јорданов консултант.

ОБРАЗОВНИ ПРОМЕНИ

Впрочем постои можност за преквалификација и доквалификација и на постоечкиот кадар. За тоа волја има и кај работниците и кај работодавачите. Ако се воведуват нови технологии ќе треба тоа да знае да го работи секој вклучен, но не мора да значи дека тие процеси би биле тешки за веќе вработените. Сега се бара само системски пристап, вложување за да имаме бенефит во следниот период. Министерката за обарзование Мила Царовска вели дека во светот има примери каде образованието го следи реалниот сектор, но дека сепак во Македонија со години тоа не се правело. Вели дека ќе работат на подобрување на ситуацијата.

„Не можеме да очекуваме дека наеднаш ќе се среди. Верувајте јас во последно време доста време посветувам на имплементацијата на дуалното образование и често ги посетувам учениците, тие 220 ученици кои следат дуално образование – тие се пресреќни верувајте затоа што поголем дел од денот се во компанија. Треба да има среднорочно планирање на економијата и така ќе има основ за долгорочна стратегија за стручното образование. Од јануари уписната политика ќе ја креираме согласно потребите на реалниот сектор а досега по инерција се верификувале профилите. Ние тоа ќе го смениме, смета Царовска.


Министерката вели и дека догодина може да се засили и стипендирањето за оваа индустрија и за овие профили.

Воведување на дигитални технологии и автоматизација претствуваа веќе предуслов за опстанок на компаниите во текстилната, но и многу други индустрии. Од нас ќе зависи дали оваа ситуација ќе стане наша закана, или ќе ја искористиме како можност.

Текстилниот сектор во земјава вработува околу 35.000 луѓе што е 5 отсто од вкупно вработените и околу 25 проценти од оние кои работат во преработувачката индустрија,  е еден од најголемите сектори што има околу 600 милиони извоз и обезбедува 3 проценти од БДП во Македонија.

Александра Томиќ


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?