Едни на протест, други на скара: Внимателно со огнот
Објавено во: Мои пари 01 Мај, 2013 11:00
И додека светот повикува на протести за работнички права, Во Македонија Центарот за управување со кризи апелира, граѓаните да внимаваат при посети на излетничките места и да не користат запаливи материи, кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери.
Поради високите температури кои се очекуваат деновиве, како што велат од ЦУК, се зголемува ризикот од избувнување пожари на отворени места.
Граѓаните, доколку забележат одредени сомнителни места во кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 195, како број за итни повици на Центарот за управување со кризи. Од центарот исто така апелираат овој број да не се злоупотребува за лажни повици.
Денеска во земјава се очекува голем број граѓани да ги посетат излетничките места поради неработниот ден. До 2006 година Првомајските празници се празнуваа два дена, со што 2-ри мај беше денот кога македонските граѓани традиционално одеа во природа и на пикник. Откако овој ден стана работен, традиционалната скара почна да се практикува за Први мај.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





