18 Декември, 2025
0.0881

ЕДНИОТ ОД ТЕРОРИСТИТЕ РАБОТЕЛ ВО РУСКА БЕРБЕРНИЦА: Другите се женети, имаат и деца

Објавено во: Свет 25 Март, 2024 16:25

Добивај вести на Viber

Според исказот на еден од уапсените терористи во Русија, терористичкиот напад го извршиле за пари. Еден од нив требало да добие половина милион рубљи, што е еднакво на 5.000 евра. На објавената снимка се слуша кога еден од осомничените, одговарајќи на прашања, вели дека му се ветени тие пари, но од нив добил само половина.

Сите четворица се државјани на Таџикистан. Тројца се женети и имаат мали деца, еден од нив има четири, а само најмладиот не е во брак. Најмладиот работел во берберница во Русија и таму го поминувал најголем дел од времето.  Веќе неколку години бил во Русија. Двајца немале легална дозвола за престој во Русија, а Шамсидин Фаридуни дошол само за да го изврши терористичкиот напад. Се претпоставува дека тој пристигнал од Турција, зашто еден месец пред убиствата во Москва на Инстаграм објавил осум фотографии на кои се лоцира Аксарај, Истанбул.

Четворицата терористи, како што се гледа од објавените снимки, во судница се внесени со видливи повреди на лицата. Еден од нив е во инвалидска количка, а еден со газа на увото.

Терористичкиот напад во Москва е извршен вечерта во петокот, на 22 март, во концертната сала „Крокус сити хол, каде што беше организиран концерт на групата „Пикник“. Терористите пукале во присутните, а потоа избувнал пожар. Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката група Исламска држава, поточно нејзината ќелија наречена „Вилајат Хорасан“. Загинаа 137 луѓе. Русија ја обвини Украина дека таа стои зад нападот, но Киев негираше. 

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина