25 Ноември, 2024
0.0263

Едните велат развоен, другите дека ќе донесе крах, а каков е всушност македонскиот Буџет?

Објавено во: Економија 06 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Двете најголеми партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се судрија денеска на буџетски теми. За СДСМ  буџетот за 2013 година кој беше ставен на увид на јавноста е буџет на долгови, кредити и буџет кој не нуди решение на голем дел од проблемите на граѓаните. За ВМРО ДПМНЕ предлог-буџетот за 2013 година има највисоки капитални инвестиции, пораст на пензиите и на субвенциите во земјоделството. Премиерот Никола Груевски изјави дека тој е внимателно направен и добро избалансиран во околности на длабока европска должничка криза која се одразува и во Македонија. - Тој е вистински одговор на кризата во Европа која има рефлексии во Македонија. Правејќи го буџетот внимававме на сите значајни категории на буџетски корисници, но и на различни сегменти во буџетот. На пример, капиталните расходи кои се исклучително важни за едно стопанство растат за 10,5 отсто во следната година и тоа е веќе тренд во минатите години во кои секоја година имаме зголемување на капиталните инвестиции. Тоа ќе има влијание врз севкупната економија, на нејзиниот раст, изјави денеска премиерот Груевски. Премиерот Груевски го издвои автопатот „Александар Македонски“ делницата кај Демир Капија-Смоквица, инвестиција вредна 220 милиони евра, како еден од најголемите проекти. Вели дека деновиве ќе почне реконструкција на железницата, а наскоро се очекува и потпишување договор за гасификација. Но, СДСМ не смета така: - Додека Македонија е соочена со рецесија, пад на бруто општествениот производ, рекорден пад на индустриското производство кое во деветте месеци од оваа година е помало за 6,9% во однос на истиот период од минатата година, но и со незапаметен раст на задолжувањата на Владата дома и во странство, владата очигледно и во 2013 год. користејќи го оправдувањето дека е економска криза, нема визија како овие состојби постепено да се надминат и проблемите на граѓаните конечно да почнат да се решаваат. Сакаме да истакнеме дека и во овој буџет нема предвидено средства за решавање на проблемот на вработените во ОХИС. Владата не може да избегне од овој проблем затоа што таа е доминантен сопственик во ОХИС исто како што е и во ЕМО и во Тутунскиот комбинат во Прилеп. Сакаме да ја прашаме владата како ќе им објасни на вработените во ОХИС дека во Буџетот за 2013 год. има 11,5 милиони евра за економска промоција и реклами на Владата а нема 3 милиони евра за 14 плати на 800 вработени во ОХИС, вели Марјанчо Николов пратеник. Груевски смета дека Владата внимавала на социјалниот дел: - Втора значајна работа е што внимававме на социјалниот дел, кој е многу значаен за огромна категорија граѓани и од тој аспект не само што остануваат придобивките кои досега постоеја, туку имаме зголемување на пензиите за 5 отсто од март, зголемување на социјалните помошти, исто така за 5 отсто. Кај пензиите ќе бидат и плус 2 отсто за прилагодување, како и разлилчни други потреби за оние луѓе на кои им е најтешко.  Следната година ќе имаме историски највисоки субвенции за земјоделците во Македонија од 135 милиони евра, нешто што не е забележано никогаш во историјата на Македонија, рече Груевски. Премиерот Груевски го издвои автопатот „Александар Македонски“ делницата кај Демир Капија-Смоквица, инвестиција вредна 220 милиони евра, како еден од најголемите проекти. Вели дека деновиве ќе почне реконструкција на железницата, а наскоро се очекува и потпишување договор за гасификација. Што навистина носи буџетот? 1,2 милијарди евра во буџетот се предвидени за социјални трансфери, што е за 100 милиони повеќе од лани. За плати на администрацијата пак ќе одат околу 375 милиони, отприлика на исто ниво.  Но, ова значи дека над 50 % од буџетот се за овие ставки. Во нив, според најавите на министерот за финасии Зоран Ставрески е и зголемувањето на пензиите. За договорни услуги се предвидени 22 милиони евра повеќе од лани. За еден, пак, од клучните најавувани проекти, гасификацијата се одвоени само 3, 9 милиони евра, пари кои практично можат да се искористат само за фи­зи­би­ли­ти сту­ди­ја за га­со­во­ден си­стем на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, како што впрочем стои и во образложението на Буџетот. И останатите инфраструктурни проекти се слабо поддржани: За же­лез­ни­цата на пример се од­во­ју­ва­ат вкуп­но 13,9 ми­ли­о­ни евра, со кои никако нема да може да се гради пругата кон Бугарија, туку многу повеќе ќе служат за ре­дов­но­то и те­ков­но­то одр­жу­ва­ње во по­стој­на­та же­лез­нич­ка ин­фра­стру­кту­ра, и за изра­бо­ткаа на ин­ве­сти­ци­о­но-тех­нич­ка­та до­ку­мен­та­ци­ја, но и за покривање на загубите на железничките претпријатија. Капиталните инвестиции се проектирани на 307 милиони евра, а плус на овој износ ќе се додадат уште 70 милиони евра инвестиции што ќе бидат реализирани преку Агенцијата за патишта. Ќе се гради автопатот Демир Капија – Смоквица, кој во најголем дел е финансиран од заеми. Од поинтересните ставки во слободните економски зони ќе се инвестираат  7 милиони евра. За инвестиции во здравството се предвидени 35 милиони евра, а во образованието и спортот 31 милион евра. За купување нови возила ќе се употребат 23,5 милиони евра, а за мебел 2, 2 милиони евра.
                                                                         2012                                      2013
  • Плати                                                 374 мил евра                    375 мил евра
  • Стоки и услуги                           258 мил евра                   280 мил евра
  • Соц.трансфери                           1,1 милијарда е              1,2 милијарди евра
  •  
  • Железницa                                       9,9 мил евра                   13,3 мил евра
  • Гасификација                               6,3 мил евра                    3,9 мил евра
  •  
  • Камати                                               59,4 мил е                         66,7 мил евра
  • Странско задолжување       225 мил евра               288 мил евра

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“