18 Декември, 2025
0.0498

Едно лице почина, друго е тешко повредено - две одделни сообраќајки во кои е удрен возач кој штотуку излегол од возилото

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2025 17:54

Добивај вести на Viber

Двајца возачи се уапсени откако со своите возила удрлие две лица. Станува збор за одделни случаи, едниот возач е од Виница, другиот од Вевчани, едно од повредените лица починало.

- На 13.09.2025 околу 17:20 часот во ОВР Виница е пријавено дека во круг на бензинска пумпа во Виница, товарно возило „ман“ со винички регистарски ознаки, управувано од С.С.(54) од Пробиштип, удрило во Љ.П.(72) од Пробиштип, кој претходно излегол од паркирано товарно возило „сканија“ со винички регистарски ознаки. 
По несреќата Љ.П. е пренесен во Општата болница Кочани, каде што лекар констатирал смрт. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Виница и јавен обвинител, по чија наредба околу 20:10 часот возачот С.С. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик - се појаснува во соопштението на МВР. 

Од таму додаваат и дека е пријавена тешка сообраќајка на регионалниот пат кај клучката за село Подгорци, при што друг возач исто така удрил во возач кој претходно излегол од своето возило. 
На 13.09.2025 околу 20:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионален пат кај клучка за с.Подгорци, патничко возило „фолксваген поло“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од Д.К.(42) од с.Вевчани, струшко удрило во И.Ф.(48) од Неготино, кој претходно излегол од неговото возило. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Ф., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид - се посочува во извештајот на МВР. 

Додаваат дека е извршен увид од увидна екипа од ОВР Струга и јавен обвинител, по чија наредба околу 22:45 часот возачот Д.К. е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје