17 Декември, 2025
0.0471

Едно во проспектот, друго во реалноста – голем број жалби до туристичките агенции

Објавено во: Економија 26 Јули, 2013 21:06

Добивај вести на Viber

Во екот на летото растат и поплаките кон туристичките агенции. Граѓаните најмногу се жалат на лошото сместување, но и на превозот, посочуваат од Организацијата на потрошувачите на Македонија. Исто така не заостануваат ниту поплаките дека, иако се ветени, многу од работите не се исполнети, а она што стои во проспектот нема врска со тоа што граѓаните го добиваат. Според Маријана Лончар - Велкова, директор на Организација на потрошувачи, голем дел од граѓаните и не си ги знаат своите права, а според процедурата, наместо жалба до пазарената инспекција, во рок од 8 дена тие треба да  достават писмен приговор до туристичката агенција и да побараат да им врати дел од парите ако договорот не е до крај испочитуван. Со цел подобро запознавање со правата, денеска беше презентирана и брошурата за тоа на што треба граѓаните да внимаваат при организирани туристички патувања. Освен проговорот, за подобра заштите се препорачува декогаш да се склучи писмен договор со агенцијата, но и да се чита што точно стои во него. „Брошурата ќе им ги олесни летувањата и патувањата на туристите од Македонија кои се дел од туристичките аранжмани што ги нудат туристичките агенции. Во неа се претставени обврските на туристичките агенции, но и правата и обврските на граѓаните кои патуваат“, појасни и министерот за економија Ваљон Сарачини кој сепак укажа дека голем дел од туристичките агенции ги почитуваат правата и обврските во Законот за туристичка дејност. Сепак, лани до Министерството за економија стигнале 67 претставки од граѓаните за работата на туристичките агенции, а затворени се 11 агенции. „Апелирам до агенциите да ги почитуваат договрите со своите патници и она што го нудат за цената навистина да го реализираат за да не бидат санкционирани. На граѓаните, пак, им препорачувам секогаш да потпишат договор со агенциите, да внимаваат при изборот на аранжмани, да не прифаќаат нерелани понуди и да внимаваат на реномето на агенцијата која ја избираат“, посочи Сарачини. Брошурата е изработена од Министерството за економија и Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) и е двојазична, на македонски и на албански јазик. Таа може да се најде во турситичките агенции, како и на веб-страниците на Министерството за економија, ОПМ  и Стопанската комора за туризам (СКТ). Дел од замките може да видите ТУКА.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас