05 Декември, 2025
0.0296

Едношалтерски систем за добивање документи од институциите

Објавено во: Мои пари 17 Април, 2013 13:18

Добивај вести на Viber

Граѓаните само преку еден шалтер ќе можат да добиваат документи за кои се води службена евиденција во одредена институција. Предлог-законот за прибавување и размена на докази и податоци по службена должност со што институциите се обврзуваат да ја имплементираат реформата која за граѓаните, компаниите и субјектите значи обезбедување на сите потребни документи е усвоен на вчерашната седница на Владата.

- Со донесувањето на предложениот закон ќе се создаде правна основа за задолжително прибавување и размена на докази и податоци по службена должност што, пак, ќе овозможи поефикасна и поедноставна управна постапка, а ќе ги намали административните бариери за граѓаните  во остварувањето на нивните права, рече на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев посочи дека со оваа реформа странката ќе има значајна заштеда во време и средства, кои вообичаено ги троши за посета на повеќе институции за да ги извади претходните документи, туку својата потреба ќе ја задоволи едноставно и ефикасно на само еден шалтер.

- Странката барањето за остварување право, односно правен интерес е должна да го достави на образец на кој таксативно се наведени доказите и податоците кои странката е должна да ги приложи кон барањето, и доказите и податоците кои органот надлежен за решавање ги прибавува по службена должност, рече Ѓорѓиев.

По поднесувањето на барањето од страна на странката на шалтерот на органот, кој е надлежен за издавање ќе треба во рок од три дена да ги обезбеди другите исправи кои се потребни доколку се доставуваат по електронски пат или во рок од седум дена доколку се доставуваат по писмен пат.

На самиот шалтер на органот странката ќе ги подмири сите трошоци кои се потребни за добивање на исправите, а се обезбедуваат од други органи, а не како досега да има обврска на секој шалтер кој издава исправа во секој орган да се плаќа посебно.

- Сите останати процедури за конкретната операционализација за реформата која ќе важи за сите институции ќе бидат уредени со подзаконски акти за секоја институција за чија подготовка Владата вчера формираше управувачки комитет кој го води министерот Иво Ивановски и даде рок сите овие подзаконски акти да се донесат во рок не подолг од три месеци, а да се имплементираат во рок не подолг од шест месеци, рече Ѓорѓиев.

Според него, ова е значаен исчекор на полето на реформата на јавната администрација кој ќе донесе сериозни придобивки за странките, ќе заштеди време, трошоци и енергија и ќе обезбеди ефикасно задоволување на нивните интереси.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј