20 Декември, 2025
0.0408

Преку иновативен и забавен проект

Едукација на младите за правилен третман и рециклирање на отпадот

Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2017 14:03

Добивај вести на Viber

Во рамки на платформата „Дали рециклирате!?“, „Пивара Скопје“, заедно со Амбасадата на Холандија во Македонија и компанииите „Пакомак“ и „Нула отпад“, започна проект за едукација на младите за начинот и придобивките од рециклирањето и правилниот третман на отпадот.

Проектот се реализира преку иновативна и забавна театарска претстава „Зелена планета“ наменета за деца од прво до петто одделение. Театарскиот караван тргна од Скопје, со премиера во полната сала на Драмскиот театар, а планирано е оваа година претставата да ја видат уште најмалку 10.000 деца во десет градови ширум земјата.  

„Со задоволство се вклучивме во овој проект затоа што неговата цел е да се развие свеста на најмладите за еден особено важен аспект од заштитата на животната средина, а тоа е соодветниот третман на отпадот, што за нас како компанија е особено значајна област во која вложуваме многу средства, знаење и енергија. Истовремено, среќен сум доколку и на ваков оригинален и забавен начин успееме да ги мотивираме новите генерации одговорно да се однесуваат кон животната средина и со тоа придонесат кон создавање на одржлива иднина за сите“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ.

Во претставата, преку интересен и пред сé забавен начин, на децата им се пренесуваат пораки за значењето на селектирањето и третманот на различен вид отпад, почнувајќи од хартијата, пластиката, стаклото, лимената амбалажа, па се до електронскиот отпад. 

„Како што е случајот и со Холандија, за секоја општествена промена потребна е здружена акција на државните институции, граѓанското општество, деловниот сектор и граѓаните. Заедно со Пакомак и Пивара Скопје континуирано се обидуваме да дадеме пример за ова – преку акции за чистење и возење велосипед, како и преку промовирање на одржлив начин на живеење. Ми претставува задоволство што денес заедно отпочнуваме нова иницијатива насочена кон запознавање на децата со културата на рециклирање, бидејќи децата секогаш се идните носители на општествените промени“, изјави Амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп. 

Една од основните мисии на Пакомак е да создаде можности за селекција на отпадот од страна на сите граѓани со што ќе се минимизираат несеканите ефекти од амбалажниот отпад врз животната средина. Пакомак се обврза дека до 2020 година двојно ќе ги зголеми количините на собран и рециклиран амабалажен отпад. 

„Една од пораките што сакаме да ги пренесеме на децата со оваа претстава е дека селекцијата на отпадот мора да стане навика и обврска на сите, исто како што е на пример одржувањето на личната хигиена. Едноставно сакаме кај нив да создадеме свест дека со мал напор може да придонесат за доброто на животната средина“, вели Филип Ивановски, извршен директор на компaнијата Пакомак.  

Како дел од платформата „Дали рециклирате!?“, претходно беше реализирана и акцијата за чистење спроведена на дел од кејот на реката Вардар во Скопје, во чии рамки вработените на Пивара Скопје и на Холандската Амбасада, со логистичка поддршка од Пакомак, го собраа целокупниот сув отпад кој понатаму беше селектиран и рециклиран.

За повеќе информации и фотографии за оваа еко-акција и останатите активности на Пивара Скопје посетете ја интернет страницата ПОЛНА ЧАША www.polnacasa.mk

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии