09 Декември, 2024
0.0258

ЕДВАРД ЏОЗЕФ: Каракачанов беше напоен со виски и пофалби во Вашингтон, а потоа се закануваше дека ќе испрати војници во Северна Македонија

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Фокусот на Администрацијата на Трамп на решавање економски прашања на Балканот и замижувањето кон политичките, придонесе за влошување на односите меѓу некои земји уште од времето на војните пред две децении, објави синоќа Форин полиси.

Во анализата насловена „Како Трамп го изгуби Балканот“, од Едвард Џозеф, професор по менаџмент на конфликти во универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, се истакнува случајот со можната блокада на ЕУ интеграциите на Северна Македонија од страна на Бугарија „поради идентитетски прашања“.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се фокусира само на економски а покажува презир кон политичките прашања, стои во анализата.

„Последниот графички пример за тоа е несвесното охрабрување од страна на високи службеници на САД на еден НАТО сојузник, Бугарија, да се заканува со воена интервенција кон друг сојузник, Северна Македонија“, се вели во анализата.

Џозеф ја наведува средбата во Вашингтон на 6 октомври меѓу американскиот министер за одбрана, Марк Еспер и неговиот бугарски колега, Красимир Каракачанов „агресивен националист со долга листа од бомбастични изјави против соседната С. Македонија“.

Се додава дека иако минатиот месец Каракачанов уште еднаш ја повторил заканата на Софија за блокада на пролонгираниот почеток на преговорите за членство во ЕУ меѓу Скопје и Брисел, „бугарскиот министер беше напоен со виски и пофалби во Вашингтон, а американските политичари склучија десетгодишен договор „патна карта за соработка во одбраната“ и продажба на осум ловци Ф-16.

Џозеф наведува дека САД го сториле тоа без никаква пројава на загриженост во однос на диктатот на Бугарија. а „по дружељубието во Вашингтон следуваше посета на висок официјален службеник од Стејт департментот, Р. Кларк Купер, на Бугарија, кој „изрази недвосмислена благодарност на САД за посветеноста на Софија на алијансата“.

„Два дена подоцна, Каракачанов го шокираше регионот со отворена закана дека Бугарија ќе испрати војници во Северна Македонија, мешајќи го ултиматумот со тврдењето дека С. Македонија била закана за „територијалниот интегритет на Бугарија“, алудирајќи дека Бугарија има casus belli (повод за војна)“, набљудува Џозеф.

Тој наведува дека Администрацијата на Трамп не само што не испратила некаков сериозен сигнал пред овој изблик на агресија, но и дека САД немаат кажано ништо и после тоа.

„Товарот падна на министерката за одбрана на Северна Макодонија, Радмила Шеќеринска, да испрати достоен прекор до Бугарија, дека „земјата е членка на НАТО, и ние сме членка на НАТО, и ова не е начин како членките на алијансата комуницираат или како треба да комуницираат“.

Џозеф смета дека молкот на САД е непростлив, а од друга страна многу Бугари не се сложуваат со заканите кои нивната власт ги испраќа кон Македонците заради идентитетски прашања и забележуваат дека тоа ќе ѝ наштети на самата Бугарија.

Тој наведува дека власта во Бугарија била толку паметна што дури го блокирала и влезот на С. Македонија во Фронтекс, Европска агенција за граничен меаџмент, „и сега можностите на Скопје да ја запре илегалната имиграција и да се бори со прекуграничниот криминал се намалени“.

„Продажбата на Ф-16 ловци не е изговор за молчењето на Еспер или на неговите колеги од Стејт департментот“, вели Џозеф.

Потсетува на хипокризијата на Каракачанов.

„Американските официјални лица требале да го потсетат на неговите изјави околу тензиите меѓу Грција и Турција дека „спорните прашања меѓу соседите треба да се решаваат преку преговори и дијалог, а не со употреба на закана и воена сила“.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор“: Османи вели „Стражата на јазикот“ се всушност чуварите на Македонија

„Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор“: Османи вели „Стражата на јазикот“ се всушност чуварите на Македонија

„Превоз на ученици без важечки договори“: СДСМ обвинува за злоупотреба на службената положа „ќе поднесеме пријава“

„Превоз на ученици без важечки договори“: СДСМ обвинува за злоупотреба на службената положа „ќе поднесеме пријава“

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ - еве какво решение е договорено

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ - еве какво решение е договорено

„САКАА ДА ПРЕДИЗВИКААТ МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ“: Вреди контра ДУИ - го изгласа Законот за јазиците иако Венецијанската комисија ја оспорила законитоста

„САКАА ДА ПРЕДИЗВИКААТ МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ“: Вреди контра ДУИ - го изгласа Законот за јазиците иако Венецијанската комисија ја оспорила законитоста

Мојсоска: Интелектуалци во служба на федерализацијата - маската на европските вредности падна

Мојсоска: Интелектуалци во служба на федерализацијата - маската на европските вредности падна

СЕ ОГЛАСИ МВР - ГО ОБЈАВИ ИДЕНТИТЕТОТ НА РАЗБОЈНИКОТ КОЈ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА: напаѓал и малолетнички (ВИДЕО)

СЕ ОГЛАСИ МВР - ГО ОБЈАВИ ИДЕНТИТЕТОТ НА РАЗБОЈНИКОТ КОЈ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА: напаѓал и малолетнички (ВИДЕО)

МАЖ НА 26 ГОДИНИ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА И ЖЕНИ НИЗ ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ - определен му е притвор поради повторување на делата

МАЖ НА 26 ГОДИНИ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА И ЖЕНИ НИЗ ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ - определен му е притвор поради повторување на делата

„Исклучување на надворешните соработници кои заработуваат огромни хонорари“: Левица предлага измени на Законот за култура

„Исклучување на надворешните соработници кои заработуваат огромни хонорари“: Левица предлага измени на Законот за култура

„АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК НЕМА ДА СЕ ОСПОРУВА, МИЛИОНИТЕ НА ОЛИГАРСКИТЕ НА ДУИ ДА!“: Меџити вели јазикот е заштитен, но не и незаконското богатство

„АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК НЕМА ДА СЕ ОСПОРУВА, МИЛИОНИТЕ НА ОЛИГАРСКИТЕ НА ДУИ ДА!“: Меџити вели јазикот е заштитен, но не и незаконското богатство