19 Декември, 2024
0.0248

Ефикасен режим: Антиканцерогена диета на д-р Моерман

Објавено во: Стил 28 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Темата за ракот за жал се повеќе е актуелна низ целиот свет. Науката напорно работи за надминување на страшните страдања и доказ за напредок во оваа насока се постојаните пораки за успеси како на официјалната, така и на народната медицина.

Многу од лековитите технологии вклучуваат специјални системи на исхрана кои или спречуваат, или придонесуваат за лекувањето на рак.

Такви се системите Ревичи, Герсон, Броис, Ниши, Гоулер, Галина Шаталова и други. Овие системи како по правило се ориентирани кон вегетаријанска исхрана и традиционални прехранбени системи како јога и ајурведскиот медицински систем.

Една од најпопуларните и ефикасни системи на антиканцерогена исхрана е исхраната на доктор Моерман. Како што е добро познато, тој е холандски лекар од минатиот век, кој живеел до 96-годишна возраст. Д-р Моерман докажано им помогнал на стотици луѓе да се излечат од рак.

Потврдено е преку специјални студии дека преку неговиот систем на исхрана од 150 болни од рак  – 115 се излечени целосно. И покрај доказите сепак методот на д-р Моерман не бил признат лесно. Претставници на медицинските кругови ја подложиле на сомнение антиканцерогената диета на холандскиот лекар, тврдејќи ја критиката со тоа дека предметниот систем изгледа премногу едноставен. Таа е премногу обична, лесна за практикување и достапна! Но и покрај тоа преку неа д-р Моерман излекувал не само еден пациент, кој бил опишан од официјалната медицина како безнадежен случај. Признанијата дошле дури во 1987 година, кога холандското Министерство за здравство официјално г одобри метоодот. Теоријата и практиката на д-р Моерман биле одржувани од научни трудови од рангот на Лајонс Полинг кој бил двапати добитник на Нобеловата награда.

Но, со што всушност методот на д-р Моерман е така корисен за човечкиот организам?

Благодарение на него имунолошкиот систем зајакнува, а метаболизмот се стабилизира. Тоа се случува преку природните производи со кои човек се храни редовно. Тоа се овошје, зеленчук, природни сокови, цели зрна. Еве пример како изгледа исхраната на болен човек од рак  по системот на д-р Моерман: за појадок имаме свежо исцеден сок од два портокали и лимон, кришка пченкарен леб – по можност од мелено брашно. Ова може да се наизменично со овесна каша со овошје и зелен чај. За втор појадок може да се земе сок од јаболко и цвекло и овошје. Ручекот е каша од цели зрна, на пример леќа, или кафеав ориз, зеленчук на пареа со малку путер, зелена салата со лимонов сок и маслиново масло, овошје.

Не е тешко да се информираме за системот, но важно е да знаеме не само која е корисната храна – а и кои се несаканите при канцерогени заболувања.

Може да се јаде: суров или варен на пареа зеленчук – грашок, компир, магдонос, бела зелка – вклучувајќи кисело, ревен .

Овошје, природни сокови од овошје и зеленчук – портокал, сок, јаболко, морков, од цвекло. Цели зрна – леб, бисквити од големо мелено жито, ориз. Трици – овесни, пченични, јачменови, пченка.

Уште: жолчка од јајце, мед, билен чај од различни видови, екстра девственото маслиново масло, морска сол.

Не смеат да се земаат: силно кафе и црн чај, мешункаста храна, бел леб и макарони, тестенини од бело брашно, засладени бисквити и колачи, торти, месо и животински масти, чорби од живина или црвено месо, рафиниран шеќер, риба и морска храна, млечни производи – полномасно млеко и мрсни сирења; маргарин, жолчките, печурки и печурки супа, рафинирано растително масло, конзерванси и бои, готварска сол, алкохол, тутун.

Методот на д-р Моерман ужива почит и признание од многу лекари ширум светот, а во неговата татковина Холандија постои асоцијација на неговите приврзаници, која брои повеќе од 10 000 членови.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.