„МВР МОРА ИТНО ДА РАСЧИСТИ СО КРТОВИТЕ, НЕКОЈ МУ ШЕПНАЛ НА ГРУБИ ЗА АКЦИЈАТА“: Адвокатот Јанаки - „Косово е познато по неекстрадирање кримоси во МК“
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2024
Откако Артан Груби замина на Косово, а по обзнанувањето дека тој е еден од осомничените за криминал во Државна лотарија, се огласи адвокатот Јанаки Митровски кој вели дека МВР мора да се исчисти од кртови кои му кажале на Груби дека ќе има акција.
„ВР мора итно да расчисти со кртовите во своите редови. Повеќе од очигледно е дека некој му “шепнал” на Артан Груби дека денес ќе се реализира акција, за вчера батето да оди на “службен” пат на Косово, држава со историја на не екстрадирање осомничени кримоси во МК. И уште поминал на граничен премин алооооо“, напиша тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.