Добивај вести на Viber
Сакам да ја известам јавноста дека по поднесување на целокупна документација од моја страна и по оглас кој е отворен до 14.08.2024 година, jaс сеуште немав официјален одговор. Законот вели дека Доколку не се се спроведе огласот, како што беше случај, документацијата доставена не смее да биде отворена, туку веднаш вратена до мене, но, како што вели тоа не се случило.
„Еднаш отидов на лице место да си ги побарам назад документите при што не сакаа да ми ги вратат ми рекоа дека не смеат да ги отворат и дека ќе ме известат на меил за после месец дена сепак да ги отворат на своја рака и да ме известат дека ми ги испратиле назад, наместо да ме повикаат да си ги подигнам, ми ги испратиле по пошта, а до денес документите не ми се стигнати, односно не знам дали се испратени и каде ми се сите оригинални документи.
Бидејќи мојата документација е отворена, неовластено и незаконски без управен одбор и воедно моите лични податоци се злоупотребени, прво ќе пријавам во ДЗЛП, а по нивен одговор, ќе поднесам кривична пријава до ЗОО и до вработените во администрација кои ги отвориле документите.
Ќе пуштам тужба и за надомест на штета, поради повреда на правото на заштита на личните податоци, губење на документи и злоупотреба на лични податоци од неовластени лица, имајќи во предвид дека и Град Скопје и ЗОО се одговорни при спроведување на постапка за избор и доколку ја добијам истите средства ќе ги донирам на сметката на вработените на ЗОО Скопје.
Овие тужби ќе бидат добиени и ќе бидат пример како треба да се однесува градската администрација со правата на секој еден вработен“, објави тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.