17 Декември, 2024
0.0275

ПОДГОТВЕТЕ ЗАЛИХИ НА ВОДА, ЦЕЛО СКОПЈЕ ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ НЕА: Водовод ќе санира голем дефект, в сабота се затвара главниот градски цевковод

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Поврзано со излевањето на ул. “Никола Парапунов“ на затварач Ф700мм за кој имаше информации во јавноста, со изготвување на сложен оперативен план за санација, опфатена е покрај оваа локација и санација на уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод Ф1600мм и тоа на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар Партизански одреди со ул. “Никола Парапунов“. Затварањето ќе биде извршено на затварач Ф1600 кој локациски се наоѓа во кругот на касарната во Ѓорче Петров, со што во моментот на отпочнување со санација неопходно е затварање на вода на главниот градски цевковод Ф1600мм, објавија од Водовод и канализација.
Оттаму велат дека затварање на вода на главниот градски вод Ф1600мм се прави еднаш на педесет години, а последно такво затварање било 1991/1992 година за реализација на водоводен приклучок на бунарското подрачје Лепенец. 
„За решавање на дефект од овој тип се изготви оперативен план со кој поефикасно и побрзо ќе се санира истиот.

Со овој зафат покрај тоа што се врши санација на дефектите на претходно споменатите затврачи, дирекно ќе се намали загубата на вода од нивно протекување и ќе овозможи ревитализација на потегот од Ѓорче Петров до Карпош.

Системска промена на 5 децении стари затварачи и рехабилитација на хидротехничката опрема е потребна со цел зголемување на трајноста на водоводната мрежа и подобрување на нивото на притисок во водоводната мрежа.

Со воспоставувње на зони како адекватен метод за контрола на загубите на вода се овозможуваат услови за значително редуцирање на времето потребно за санација на дефекти, а овој зафат е дел од фундаменталната стратегија во намалување на загубата на вода во водоводниот систем. Почеток за реализација на оперативниот план и затварање на вода во главниот градски цевковод Ф1600 е планирано да отпочне од 21.12.2024 година, а ќе трае до завршување на интервенцијата.

Замолуваме за трпение и повикуваме на разбирање од страна на граѓаните“, се вели во соопштението.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Притвор за Груби и Бајрами, ќе ги бараат со потерница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Притвор за Груби и Бајрами, ќе ги бараат со потерница

БГНЕС: Советот на ЕУ ја повика Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во својот Устав

БГНЕС: Советот на ЕУ ја повика Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во својот Устав

АРСОВСКА: Проблемите поради кризите со јавните градски претпријатија се политички мотивирани

АРСОВСКА: Проблемите поради кризите со јавните градски претпријатија се политички мотивирани

АХМЕТИ ОД КОСОВО: Ви благодариме за гостопримството браќа

АХМЕТИ ОД КОСОВО: Ви благодариме за гостопримството браќа

ЗА ГРУБИ И БАЈРАМИ: OJO до МВР ќе издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница

ЗА ГРУБИ И БАЈРАМИ: OJO до МВР ќе издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување меѓународна потерница

СЕ СТРЕСЕ АЛБАНИЈА: Потресот го почувствувале во Дебар

СЕ СТРЕСЕ АЛБАНИЈА: Потресот го почувствувале во Дебар

СУДОТ ОДЛУЧИ: Груби и Бајрами ќе одат во притвор

СУДОТ ОДЛУЧИ: Груби и Бајрами ќе одат во притвор

ТЕПАЧКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Нападнале и малолетничка со здравствени проблеми

ТЕПАЧКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Нападнале и малолетничка со здравствени проблеми

МВР: Кривични пријави за Прпарим, Груби, Ковачевски и уште пет лица

МВР: Кривични пријави за Прпарим, Груби, Ковачевски и уште пет лица