Ефикасноста на вакцините за беснило ќе се докажува и во Македонија
Објавено во: Агробизнис 12 Декември, 2012
„По официјалното пуштање во употреба на лабораторијата за дијагностика на беснило во септември минатата година, за што беа вложени повеќе од 200 илјади евра, валидирани се нови дијагностички методи како тест за детекција на биомаркери, ЕЛИСА тест за серолошко испитување мостри од лисици за детекција на присуство на антитела, тест за изолација и секвенционирање на вирусот на беснило, тест за одредување на титарот на антитела против беснило по извршена вакцинација (ФАВН тест)“, истакна директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски.
Тој најави дека деновиве ќе почне пост вакциналниот мониторинг за контрола на успешноста на оралната вакцинација, за што Агенцијата склучи договори со ловните друштва-концесионери на ловиштата за испитување мостри од застреланите лисици на одредено подрачје каде што се вршела вакцинација. Тие имаат обврска за застрелување на одреден број лисици (четири лисици на 100 километри квадратни годишно или две на 100 километри квадратни по секоја кампања) и земање мостри за лабораториско испитување. Рунтевски ги повика ловните друштва концесионери на ловиштата да доставуваат мостри од секоја застрелана лисица и дива свиња за лабораториско испитување за да може успешно да се спроведе контролата на беснило и класичната чума кај свињите и дивите животни. Македонија почна со имплементација на програмата за орална вакцинација на лисиците против беснило во мај минатата година кога се реализираше првата кампања. Досега реализирани се три кампањи, а во секоја од нив се дистрибуирани по 500.000 мамки. Парите за ваквата вакцинации се добиваат преку Програмите ИПА.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.