07 Октомври, 2024
0.0253

Егоизмот на Европа e поголема закана од Путин

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Ако западните влади го сметаат рускиот претседател Владимир Путин за огромна закана, тие ќе треба да направат нешто за своите гласачи кои изгледа не се особено склони да им помогнат на сојузниците, ако падне во неволја.

Недостатокот на солидарност претставува повеќе сероизна закана за Западот отколку која и да е агресија, која доаѓа однадвор, коментира „BloombergView“.

Со членот 5 од Вашингтонскиот договор, основна за Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО), членовите на организацијата се согласуваат дека „вооружен напад врз една или повеќе од нив во Европа или Северна Америка ќе се смета како напад врз сите нив“ и дека секоја држава треба да преземе „такви активности, што се сметаат за неопходни“ во одговор.

Тоа не значи дека е задолжително користењето на воена сила, а истражувањето на „Pew Research Center“, објавено во неделата, покажува дека луѓето во некои земји на НАТО дури и не сакаат такво нешто.

nato 1На прашање за испитаниците дали нивната држава треба да употреби сила доколку Русија започне вооружен конфликт со друга земја членка на НАТО, само во две држави - САД и Канада, мнозинството одговара позитивно.

Во три од нив - Германија, Франција и Италија, од повеќето испитаници се против употребата на сила.

Вишокото на нивото на посветеност кон НАТО од страна на САД е одлична вест за Латвија, Литванија, Естонија и Полска.

Кога станува збор за воени трошоци, САД влага 10 пати повеќе средства од следната најдобро осознаена страна во однос на одбрана - Велика Британија, и токму затоа таа е од најголемо значење. Не е особено логичен фактот дека Американците кои живеат илјадници милји од потенцијален воен театар, сакаат да помогнат посилно отколку полјаците пример.

Можеби е полесно за луѓето во САД и Канада да кажат дека би се бореле во оддалечена војна, која веројатно би им се одразила помалку во споредба со Европејците.

Дури и да е така, прекинот на врската помеѓу перцепцијата за закана и желбата за акција е чудно. 70% од Полјаците изјавиле дека ја сметаат Русија за огромна воена закана додека овој процент кај земјите од НАТО, вклучени во примерокот е во просек 49%.

Едно од објаснувањата за тоа може да биде дека луѓето во европските земји од НАТО категорично сметаат дека САД би интервенира ако член на Алијансата биде нападнат. Зошто тогаш тие самите да се мачат, ако Американците ќе ја завршат валканата работа?

Овие одговори веројатно се во поддршка на раширеното верување за САД како светски полицаец, кој се меша без разлика што се случува. Постојат знаци, на пример, дека ако Русија започне хибридна војна слична на онаа во Источна Украина или со балтичките земји, не е задолжително Европејците веднаш да ја обвинат Москва.

nato 2Во САД 42% од испитаниците изјавиле дека ја сметаат Русија за најмногу виновна страна за насилството во Украина. Како во Германија, така и Италија оваа бројка е 29%.

Друга разлика е дека Американците го гледаат НАТО како природно продолжение на влијанието на САД преку група на лојални вештачки сателити. Истражување од минатата година покажува дека повеќе Американци сметаат дека Алијансата треба да спроведува воени операции надвор од Европа и САД: за нив очигледно прашањето допира до припадност кон Западот отколку до територијална безбедност.

Повеќето Европејци, сепак не мислат дека НАТО треба да води воени дејствија надвор од Европа и Северна Америка. За 73% од нив функцијата на Алијансата е територијална одбрана.

Во исто време премногу Германци и Италијанци може да не ги гледаат Латвијците или Литванците како полноправни Европејци, што исто така може да се објасни нивната неподготвеност да ги заштитуваат работите.

Постојат бројни докази дека Европејците не се особено добрососедски настроени. Подемот на десничарските партии, протестите против „туризмот за државна издршка“ од други нации во ЕУ, неможноста да се договорат за заеднички пристап кон имиграцијата и тензиите произлезени од фискалната филозофија меѓу Германија и Грција покажуваат дека и покрај децениите интеграција голем дел од Европејците остануваат изолационистички настроени .

Лидерите на континентот, особено германската канцеларка Ангела Меркел, треба да ги согледа овие ставови со загриженост. Иако Русија не изгледа сколнна да ја проширува агресијата во моментов, има смисла Европејците да достават еден повеќе обединет фронт. Сето друго е покана за надворешните лица да ги искористат поделбите во Европа.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип