„ЕЈ ФАШИСТ, ФАТИ ГО“: загоетни пораки и кодови на куршумите на убиецот на Чарли Кирк
Објавено во: Свет 13 Септември, 2025 12:40
Експертите повикаа на претпазливост при толкувањето на гравурите, наведувајќи долга историја на стрелци кои користеле погрешни или иронични пораки, честопати мешајќи ја политиката и интернет културата на начини што ја побиваат лесната категоризација.
Осомничениот за убиството на контраверзниот активист, Чарли Кирк, оставил зад себе муниција со изгравирани фашистички симболи, но и нејасни интернет мемови, објави полицијата.
Пронајдени се четири чаури кои му припаѓале на Тајлер Робинсон, лицето кое беше уапсено вчера во врска со пукањето. Едната гравура била: „Еј фашисто фајќај“ дополнето со стрелки, што сугерира на видео игра и се тумачи како сатира на фашизмот.
Покрај ваквите написи, имало и такви кои делувале нејасно, некомплетирано.
Така на пример на испален метак пишувало: „Известување, испакнување, што е ова“.
Дополнително, медиумите јавуваат дека осмоничениот потекнува од средина од која не се очекува да произлезе убиец или личност со одмазнички намери. Тој израснал во пространата куќа со шест спални соби со своите родители.
Соседите се запрепастени. Тие опишуваат семејни скари, пеење коледарски песни и семејство кое изгледало сосема нормално и хармонично. Неговата мајка, Амбер, работи со лица со попреченост, додека неговиот татко, Мет, работи во градежништвото.
Социјалните медиуми сликаат слична слика - насмевки на селфиња, семејни одмори, мајка која гордо го нарече својот син „гениј“ кога добил стипендија. Но, она што било скриено зад затворени врати не го видел никој.
Извори велат дека Робинсон му признал сè на својот татко по пукањето, кој потоа го известил свештеникот, кој пак ја известил полицијата.
„Додека ги гледам децата како минуваат покрај оваа куќа, која вреди околу 480.000 фунти, родителите сега брзо ги внесуваат внатре, додека полицајците стојат надвор, шепотејќи колку се шокирани што „Тајлер“ можеби се „променил“ во последните години“, вели новинарот.
Гувернерот потврди дека семејството им кажало на истражителите дека нивниот син станал сè повеќе политички ангажиран, отворено изразувајќи презир кон Кирк. Тој презир сега се претвора во обвинение за убиство.
Агентите на ФБИ откриле дека чаурите од местото на злосторството имале чудни гравури - антифашистички слогани, потсмевања, па дури и зборовите „Еј фашисти, земете ја!“ врежани во металот. Истражителите, исто така, пронашле белешки во кои Робинсон наводно се фалел дека ја зел пушката од „точка за предавање“, а потоа ја фрлил во грмушките по нападот.
Фото: Принтскрин/ИксМожеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




