ЕК ги прекори Албанија и Косово поради барањето да се обединат
Објавено во: Балкан 08 Април, 2015 19:00
Изјавите на албанскиот премиер Еди Рама и на косовскиот министер за надворешни работи Хашим Тачи за обединување на двете страни се апсолутно неприфатливи и провокативни, изјави портпаролката на Европската комисија Маја Косијанчич, пренесоа светски агенции.
Таа беше категорична дека ваквите изјави не придонесуваат за политичката соработка во регионот.
"Нагласуваме дека Западен Балкан има јасна европска перспектива, која е усвоена на највисоко ниво. Брисел очекува од сите земји во регионот да водат добрососедска политика. Сите провокативни декларации, кои отстапуваат од оваа политика, се неприфатливи", е официјалниот став на ЕК.
Во косовско во ТВ пренос пред дена Еди Рама рече: "Првата алтернатива е обединување во рамките на ЕУ, но ако Брисел продолжува да ги затвора вратите за интеграција на Косово, тогаш двете страни ќе бидат принудени да се обединат на конвенционален начин.
" Хашим Тачи, пак, рече дека изјавата на Рама не претставува закана за ЕУ, а е реалност, која може да се случи во иднина поради изолацијата на Косово од страна на ЕУ.
Нивната изјава предизвика остра реакција на српскиот премиер Александар Вучиќ, кој рече дека Албанија и Косово "никогаш нема да се обединат".
Европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан се состана со албанскиот премиер Еди Рама, за време на посетата на Тирана на крајот на март. Главната тема беше евроинтеграцијата на Албанија.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




