Добивај вести на Viber
Косово и понатаму е “зона на криминал и корупциа“, стои во извештајот на Европската комисија за Косово, иако се наведува и дека во земјата е направен напредок во донесување на законите, пишува приштинскиот весник "Коха Диторе.
„Сериозна грижа на ЕУ остануваат корупцијата и организираниот криминал, трговијата со луѓе, политичкото влијание врз судството, полицијата и јавните служби, задржување до пет работни места од страна на политички претставници, непрофесионална администрација и многу други проблеми“, пренесува весникот.
Според пишувањата на весниокот во извештајот за Косово стоело и дека во земјата има недостиг од толеранција кон ЛГБТ заедницаа и се истакнува дека „има верски групи кои заговараат говор на омраза кон оваа група преку конвенционалните и социјалните медиму, а кои формираат единствена политичка партија“.
Европскаа Комисија исто така е незадоволна поради заканите на новинарите и недостиг од нивна подобра заштита.