19 Декември, 2025
0.0395

ЕК: Местото на Грција е и останува во Европа

Објавено во: Балкан 06 Јули, 2015 14:13

Добивај вести на Viber

Местото на Грција е и останува во Европа, стабилноста на еврозоната не е доведена во прашање, изјавил на прес-конференција денеска заменик-претседателот на Европската комисија (ЕК) Валдис Домбровскис.

„Го почитуваме демократскиот избор на Грците на вчерашниот референдум, но тоа решение го проширува јазот помеѓу Грција и останатите земји во еврозоната“, додал Домбровскис. „Во еврозоната има 19, а не само една демократија“, додал тој.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/VDombrovskis/status/618003015220510720[/embed]

Според него „ЕК“ треба да добие мандат од Еврогрупата, за да ги продолжи разговорите со Грција. Комисијата е подготвена да продолжи со работата со Грција, но не може да преговара за нова спасувачка програма без мандат од Еврогрупата, изјавил Домбровскис. Сепак немало лесен излез, многу време и можности биле залудно потрошени, многу малку биле добитници од сегашната ситуација.

„За да се најде решение, потребен е сериозен однос од сите преговарачки земји. Ќе биде многу тешко закрепнувањето на финансиската стабилност во Грција без постигнување договор, без стратегија за обновата на растот и реформи, затоа Владата во Атина треба да биде многу искрена и отворена да му објасни на грчкото општество каква е тежината на одлуките што ги донесува“, изјавил Домбровскис.

„Европа беше до Грците во текот на кризата, европските даночни обврзници обезбедија невидена парична поддршка од 185 милијарди евра“, прецизира тој.

По неговите зборови на утрешното заседание на министрите за финансии и на државните и владините лидери од еврозоната во Брисел се очекува да бидат утврдени следните чекори во оваа сложена ситуација.

„Ги имаме сите средства за обезбедување на финансиска стабилност на еврозоната, институциите на ЕУ се во готовност да ги користат и да го преминат ширењето на нестабилноста“, посочил заменик-претседателот на ЕК.

Тој го опиша воведениот банкарски одмор во Грција како нефер одлука.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен