20 Декември, 2025
0.0415

ЕК нема да честита на победникот, тоа ќе го стори откако ќе биде избрана владата

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2016 17:16

Добивај вести на Viber

Европската комисија нема да му честита на победникот на предвремените парламентарни избори во Република Македонија, туку тоа ќе го стори откако ќе биде избрана новата влада и премиер, изјави денеска портпаролката на неформалната Влада на Европската унија, Маја Коцијанчич.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, таа денеска не сакаше во име на Брисел да испрати честитка на ВМРО-ДПМНЕ, како победничка партија на изборите, а притоа се повика и на веќе дадената изјава на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, дадена на 12-ти овој месец.

„Изборите и нудат клучна можност на земјата да го обнови демократскиот, констурктивен дијалог за надминување на долготрајната политичка криза и обединување зад заедничката цел на евро-атлантската интеграција. Политичките партии треба да делуваат на инклузивен начин, вклучително и активна парламентарна опозиција и динамично граѓанско општество. Со нетрпение очекуваме брзо формирање на новиот парламент и на новата влада, како и на имплементирање на реформите за решавање на системското владеење на правото“ - порачаа Могерини и Хан во соопштение пред две недели.

Тие потенцираа дека „владата и опозицијата треба да продолжат со целосна имплементација на претходните политички договори, вклучително и поддршка на работата на Специјалниот обвинител“. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки