ЕК: Приватната потрошувачка и инвестициите ќе го забрзаат растот на македонскиот БДП
Објавено во: Економија 15 Ноември, 2024
Според Европската Комисија(ЕК), приватната потрошувачка и инвестициите ќе го забрзаат растот на македонскиот БДП.
Растот на БДП на земјава во следниот период ќе забрза умерено, се наведува во есенската прогноза на Европската комисија за економските перспективи на членките на ЕУ и кандидати за членство за наредните две години.
Во извештајот објавен денеска се наведува дека во првата половина од годината, годишниот раст на БДП на земјава бил ограничен поради ниската надворешна побарувачка, дека вкупната инфлација продолжила да забавува, а базичната инфлациска стапка покажувала знаци на намалување.
ЕК предвидува годинава растот на македонскиот БДП да изнесува 2 проценти, во 2025 година – 2,6, а во 2026 година – 2,9 отсто.
Од Народна банка скоро објавија дека годинава ќе ја завршиме со раст од 2.3 отсто.
foto freepik.com