16 Ноември, 2024
0.0317

ТРЕНЧЕВСКА: Имаме буџет кој единствено ги задоволува потребите на 24 министри и нивните кабинети

Објавено во: Економија 15 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Заврши вториот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година. 

Власта и опозицијата се со различни гледишта за буџетот. Пратеничката од СДСМ Јована Тренчевска, на денешната седница на собраниската комисија за финансирање и буџет изјави дека овој буџет кој „тежи“ 6,5 милијарди евра,  е „нереален, нималку развоен, туку трошковен, недомаќински, предизборен и најважно од се невизионерски, неинвентиен и буџет на нови долгови и нова изгубена година за економијата и граѓаните“.

„Имаме буџет кој единствено ги задоволува потребите на 24 министри и нивните кабинети, но не и на граѓаните. Имаме буџет во кој не се приоритет граѓаните, особено ранливата категорија граѓани. Ако го погледнеме буџетот на министерството за социјална политика, демографија и млади сето тоа се потврдува“, рече Тренчевска.

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Златко Пенков нагласи дека Владата со буџетот за следната година применува нов концепт.

„Основниот постулат е забрзан економски раст, пред се како резултат на реализација на крупни инфраструктурни проекти, проектите во единиците на локалната самоуправа како и странските директни инвестиции. Според мене три клучни збора кои мора да ги знаеме а тоа се растот, реализацијата и развојот“, вели Пенков.

Пенков нагласи дека доколку се направи сублимат од овие три клучни зборови се добива, раст на бруто домашниот производ преку реализација на владините програми за забрзан развој на државата.

фото принтскрин

Можеби ќе ве интересира

ЕК: Приватната потрошувачка и инвестициите ќе го забрзаат растот на македонскиот БДП

ЕК: Приватната потрошувачка и инвестициите ќе го забрзаат растот на македонскиот БДП

НЕВЕРОЈАТНО: Најскапиот квадрат во стан во стара зграда во Белград е платен 7.500 евра

НЕВЕРОЈАТНО: Најскапиот квадрат во стан во стара зграда во Белград е платен 7.500 евра

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО ЗАГРЕБ: Има пораст, но вработените во производство на кожа се со најмали примања

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО ЗАГРЕБ: Има пораст, но вработените во производство на кожа се со најмали примања

ПОСКАПЕЛО ОВОШЈЕТО: Цената на зеленчукот се зголемила за 47.7 отсто

ПОСКАПЕЛО ОВОШЈЕТО: Цената на зеленчукот се зголемила за 47.7 отсто

„Партнерствата се клучни за праведна енергетска транзиција“ – Божиновска се обрати на „Joint MDB Pavilion“ во рамки на COP29

„Партнерствата се клучни за праведна енергетска транзиција“ – Божиновска се обрати на „Joint MDB Pavilion“ во рамки на COP29

КАКО ДА ПОМИНЕТЕ ДОБРО НА ЦРНИОТ ПЕТОК И ДА НЕ ЗАПАДНЕТЕ ВО ЗАМКА - ова се петте клучни совети

КАКО ДА ПОМИНЕТЕ ДОБРО НА ЦРНИОТ ПЕТОК И ДА НЕ ЗАПАДНЕТЕ ВО ЗАМКА - ова се петте клучни совети

ЕСМ Продажба „ја пие крвта“ на универзитетската Клиника за хематологија! И наплати струја по цена 20 отсто повисока од таа на берзата

ЕСМ Продажба „ја пие крвта“ на универзитетската Клиника за хематологија! И наплати струја по цена 20 отсто повисока од таа на берзата

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД СТОПАНСКА БАНКА ЗА ИЗМАМИ СО КРИПТО ВАЛУТИ: Се обрати директно до своите клиенти

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД СТОПАНСКА БАНКА ЗА ИЗМАМИ СО КРИПТО ВАЛУТИ: Се обрати директно до своите клиенти

„ЕВРОПСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОЛЕКА ЗАКРЕПНУВА“: ЕК предвидува раст на БДП во 2025 година на цела ЕУ од 1,5 проценти

„ЕВРОПСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОЛЕКА ЗАКРЕПНУВА“: ЕК предвидува раст на БДП во 2025 година на цела ЕУ од 1,5 проценти